ДЕВОЈКИ ВНИМАВАЈТЕ: Еве во кои ситуации мажите се љубоморни!

Што ја предизвикува љубомората кај мажите? Машките пријатели на партнерката најчесто се најчест извор на љубомора за мажите, бидејќи тие секогаш барем потсвесно ги доживуваат како соперници кои сакаат да им ја превземат девојката. Ништо помалку не се омразени ни нејзините колеги од работа кои ги споменуваат само со име. Љубоморните мажи го сметаат за навреда и смеењето на туѓи шеги, особено ако себе си се сметаат за духовити. Се разбира дека било какво споменување на поранешниот партнер кај љубоморните мажи ќе предизвика грчење во желудникот, особено ако во друштво евоцирате некоја пријатна случка од вашето минато.Исто така треба да се нагласи дека разменувањето на пораки со други мажи веднаш му го крева крвниот притисок на партнерот, колку и да биде толерантен, бидејќи тој не се чувствува сигурен што водите некој засебен живот во дигиталниот свет во кој сите опции се отворени.
Повод за љубомора често се сметаат и излегувањето со колегите и пријателките, без негова придружба. Без разлика на тоа колку мажот има самодоверба, некои класични потези на жените, како што се флертувањето со другите мажи, може да предизвика посесивност и агресивност кај посилниот пол.
Ако работите излезат од контрола, тоа може да биде навистина опасно. Меѓутоа некогаш таквите игри може да бидат сосема во ред доколку се безопасни и нивната цел е да го поттикнат партнерот повеќе да и посветува внимание на својата избраничка.
Психолозите се сложуваат дека несигурноста е еден од најчестите причини за љубомора. Несигурноста во себе, во партнерот и во врската генерално. Но сепак понекогаш е слатко малку да ја пецнете саканата личност само за да знаете дека е засегната за вас.
Флертување со други мажи
Играњето со косата и напрчувањето на усните се дел од добро познатите потези на заводливост на секоја жена. Флертот може да биде сосема безопасен чин на забава, но ако се однесувате вака со мажите на некое случување пред вашиот партнер нему тоа нема да му биде мило.
Смеење на туѓи шеги
Ако нешто е смешно, вие ќе се насмеете но тоа е сосема норамлна реакција. Можеби не размилсувате дали шегата ја кажал маж или жена, меѓутоа вашиот партнер сигурно ќе забележи кој е виц мајсторот. Особено ако споменувате дека ги сакате неговите шеги, а духовитоста ја сметате за голем квалитет кај посилниот пол.

 

Обожување на холивудските ѕвезди
На вашите пријателки веројатно им е симпатично кога ќе се претворите во палава тинејџерка додека им зборувате за Хју Џекмен или Жерар Батлер, но вашиот партнер не сака да слуша пофалби на сметка на други мажи без оглед на тоа што живеат на другата страна на светот.
Кога одите на забави без партнерот
Ако одите на забави само со своите пријателки или со колегите од работа, а притоа објавувате откачени фотографии на социјалните мрежи, бидете сигурни дека вашиот парнер ќе се чувствува повредено и дека ќе биде љубоморен.
Кога работите прекувремено
Неочекуваната прекубвремена работа до доцните вечерни часови е универзална причина за кавга и напади на љубомора кај двата пола. Тоа сигурно ви е јасно.Исто така треба да се нагласи дека разменувањето на пораки со други мажи веднаш му го крева крвниот притисок на партнерот, колку и да биде толера

Пронајдете не на следниве мрежи: