Врските често може да бидат полни со незгодни ситуации, главно, бидејќи мажите и жените не знаат како да ги прочитаат сигналите кои си ги праќаат едни со други.За олеснување на оваа ситуација, Роберт Мани, автор на книгата “The guys guys guide to love” на жените им откри мали машки тајни кои ќе им помогнат да разберат како функционира умот на мажите.
1.Недостаток на сигурност
2.Периодично сакаат да ја заменат улогата на ловец и плен
3.Не се сеќаваат на деталите
4.Тие сакаат кога ја цените нивната смисла за хумор
5.Патот до нивните срца навистина оди преку стомакот
6.Тие сакаат девојки кои можат да ги одведат кај своите мајки
7.Добар маж не сака да се промените поради него
Повеќето од момците признаваат дека во нив се крие мала несигурност кога пристапуваат до жена која што им се допаѓа, дури и кога тие делуваат дека се целосно сигурни во себе.
Мажите сакаат да играат ловец, но исто така сакаат да бидат и “плен”, бидејќи тие често не знаат како правилно да ги прочитаат нашите сигнали. Токму затоа ќе ви бидат благодарни ако јасно им дадете до знаеење дека ви се допаѓаат.
Додека ние во својата меморија ги имаме сите мали нешта што сме ги дознале за нив, тие во својот “филтер” не паметат многу работи кои ги споделуваме со нив. Сепак тоа секогаш го надоместуваат. Кога ќе им кажете за некои од вашитепроблеми, тие веднаш ќе се обидат да ви помогнат да ги решите (и потоа да заборавите на проблемите).
Секако, сакаат кога тоа ќе им го покажете, затоа без проблем гласно смеејте се на нивните шеги (ако навистина се смешни).
Тие сакаат да јадат, не го кријат тоа и затоа оваа информација нека ви биде од корист. Ако не ви се допаѓа да готвите, одете со него на места каде што има храна, тоа сигурно ќе го цени.
Дури и ако тоа не го направи веднаш или сака да почека за запознавање, мажите секогаш сакаат девојки кои можат да ги покажат на своето семејството и пријателите.
Бидете најдобра своја верзија, чуствувајте се удобно и тој ќе биде среќен со вас. Не им дозволувајте на несигурните мажи да ве менуваат поради нивните комплекси. Ако не ве сака каква што сте, тогаш заслужуваате подобар.За олеснување на оваа ситуација, Роберт Мани, автор на книгата “The guys guys guide to love” на жените им откри мали машки тајни кои ќе