„Летечкиот Русин“ од редовите на Вардар во пресрет на историскиот меч со Кјелце вели дека ваква еуфорија и љубов кон ракометот нема во ниту една друга земја.Тој во интервјуто за „Балкан-хандбал“ меѓудругото зборуваше и за мечот против Кјелце, кој Вардар го игра вечерва со почеток во 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Како што самиот Дибиров изјави не може ниту еден резултат од првиот меч да се окарактеризира како сигурен за пласман во следната рунда, бидејќи се игра реванш на гостински терен, а Кјелце е тим кој може да анулира било каква негатива.
На прашањето како на пријателите од Русија им ја објаснува еуфоријата во која живее и тренира во Скопје, Дибиров вели:
-Тоа не сум го видел во ниту една друга земја. Тоа се вика среќа, кога еден спортист може да игра во таква љубов и внимание. На Балканот ракометот е религија и среќен сум што сум дел од неа, вели „Летечкиот Русин“.
Дибиров за „Балкан-хандбал“ воедно ја откри пораката која им ја упатил првиот човек на тимот Сергеј Самсоненко пред дуелот со Полјаците.
-Пораката од Сергеј е дека ние сме еден тим. Да играме и покажеме се што знаеме. Тој е сигурен во едно, а тоа е дека имаме големо срце. За него најважно е да сме тим, вели Дибиров.Тој во интервјуто за „Балкан-хандбал“ меѓудругото зборуваше и за мечот против Кјелце, кој Вардар го игра вечерва со почеток во 19:00 ча