Дичо Зограф

Огромен е творечкиот опус на Дичо Зограф, како и географскиот дијапозон во кој работел. Меѓудругото неговите дела покрај Скопје и скопско се сретнуваат во црквите во Куманово и кумановскоДимитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зограф ( 1819, Тресонче, Дебарско – 1872/73) – се вбројува меѓу најначајните мајстори на Мијачката школа и еден од најпознатите македонски зографи во 19 век. Во својот живот работејќи за потребите на правоверните цркви на просторите на Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција, создава импресивен опус кој содржи повеќе од над 2000 дела кои пленат со својот изглед и ни го откриваат чудесниот духовен свет на овој мајстор на иконописот. Неговото иконописно творештво претставува пресвртница на еден илјадагодишен период и почеток на еден сосема нов правец во историјата на македонската црковна уметност. Следејќи ги актуелните текови на црковната уметност, во своите ликовни концепции вметнува специфични елементи на левантинскиот барок. Неутралната, нејчесто златна заднина на иконите, каде се нагласува духовноста на ликовите на светителите, станува карактеристика на неговите дела. Во постојан творечки напор, Дичо Зограф систематски работи и ги моделира новите иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, живопишува и работи цели ансамбли во црквите и манастирите. Дичо го превел од грчки на мијачки дијалект стариот зографски прирачник – Ерминија, во кој се наоѓаат иконографските и технички белешки за начинот на работа на иконите и на ѕидните слики. Во  напонот на творечкото дејствување, релативно млад, Дичо Зограф умира во 1872/3 година. Неговите дела ќе станат парадигма за генерации зографи во пошироките балкански простори.
Животот на Дичо Зограф, како и на многумина средновековни уметници чудотворци, ќе биде обвиткан со ореолот на таинственост. Го нема неговиот лик меѓу неговите божествени дела, а зад себе не остава пишана документација која би го осветлила неговиот живот. Малкуте достапни пишани податоци не овозможуваат целосно да се расветли неговата личност.
Основен извор за биографијата на Дичо Зограф е сочуваната Ерминија (зографски прирачник), каде тој внел и основни податоци за својот живот. Од овие неколку белешки на првата страница се дознава кога е роден, кога е оженет, за децата и за неговите претци. Освен овие белешки, основни податоци за Дичо Зограф се добиени од неговите потпишани дела, кои претставуваат вистински патоказ по кој може да се следи неговиот животен и творечки пат.
Основните податоци говорат дека Дичо Зограф е роден во 1819 година во селото Тресонче, во чија историја посебно место заземало резбарството и зографството. Во минатото(особено во 18 и 19 век) речиси немало куќа во Тресонче која не се занимавала барем со еден уметнички занает. Од нив ќе произлезат познати мајстори на копаничарскиот и зографскиот занает кои ќе остават видни траги во историјата на уметноста на православието како во Македонија така и на Балканот. Растен во маалото Лековци, од каде потекнува и родот на зографот Дичо Перкоски, Дичо Зограф ќе продолжи да ја негува љубовта посебно изразена кон зографскиот занает која во семејствата на Тресонче се пренесувала од колено на колено. Се оженил на дваесет години, на 1 јули 1839 година и имал седум синови и една ќерка.
Се’уште е отворено прашањето за зачетоците на творештвото на Дичо Зограф. Станува збор за неговата работа во периодот од 1840 до 1844 година во црквите од егејското крајбрежие која преставуваат енигма, како што се’уште е отворено прашањето за неговиот ангажман во црквата „Св. Георгија“ во Лазарополе и идентификацијата со зографот Дичо Перковски кој во 1841 година е спомнат во ктиторскиот натпис од оваа црква. За најраното познато дело на Дичо Зограф се смета иконата „Богородица Пантохора“ од црквата на „Св. Јован Канео“ во Охрид.која ја датирал во 1844 година.
Анализата на стилските и иконографските карактеристики на најраните потпишани дела на Дичо Зограф ќе покажат дека тој бил под влијание на своите учители таткото Михаил и синот Димитрија од Самарина. Овие зоографи по потекло од Самарина (Епир) за првпат се појавуваат во 1826 година, во Битола. а трајно ќе се населат во Крушево. Повикани да работат во манастирот „Св Јован Бигорски’, во времето на игуменот Арсение, синот Димитрија ќе се замонаши и ќе го добие името Данаил. Се претпоставува дека Дичо Зограф го учел зографскиот занает кај Михаил и Данаил додека работеле во манастирот. Дичо кој бил исклучително талентиран зограф, стекнатото искуство кај овие зоографи подоцна ќе го надградува за да преку трите развојни фази го изгради својот препознатлив стил.
Дичо Зограф како и најголем дел од Мијаците се стекнал со високо образован и добро ги владеел книжевниот грчки и старословенски црковен јазик, а исто така и духовните прашања. Му припаѓал на интелектуалната елита на тоа време и бил добро упатен во клучните прашања кои ја бранувале македонската јавност. Добрите препораки го поврзуваат со црковните власти и со граѓанските првенци, вклучувајќи се притоа во битката за воведување на црковнословенскиот јазик во богослужбата и народниот јазик во образованието. На тоа укажуваат неговите дела кои ја посочуваат неговата насока на движење.
По завршувањето на зографската обука, некаде околу 1844 година, Дичо мошне подвижен и во постојан творечки напор за да одговори на бројните обврски. организирал своја тајфа во Тресонче, а подоцна и работилница со свои ученици. Во неа тој обучува млади, надежни момчиња, а ги подучува и своите синови Аврам и Спиридон. Сето ова му овозможило навремено исполнување на договорените задачи,  што од друга страна било предуслов за едно богато и плодно творештво. Биографијата му е исполнета со работа во различни делови на Македонија и соседните земји. Освен во Скопје и скопскиот регион, сликал во кумановскиот, дебарско-реканскиот, гостиварскиот, охридско-струшкиот крај, а реализира и доверени задачи во Србија и Бугарија. Работи на нови иконостаси и ги обновува постоечките, а ѕидните површини ги осликува со живопис на повеќе новоизградени или постоечки манастири и цркви.
Као што е целиот негов живот обвиткан со тајна, така е мистериозна и неговата смрт. Умира релативно млад на 54 години во 1873 годима. Причината за неговата смрт не е позната како што не е познат ниту неговиот гроб. Сето тоа е доволно за низа шпекулации на неговите биографи. Едни сметаат дека умрел од пнеумонија, други дека бил отруен од неговата жена ставајќи му во чајот ракија измешана со отров со кој ги мешал златните бои, а некои пак тврдат дека тоа настанало случајно. Како што не е позната причината за неговата смрт така не е познато ниту местото каде е погребан. Според некои тврдења, Дичо Зограф бил погребан од долно Ленчишта, крај реката, а спред други, на малите гробишта  сред село, од каде коските му биле пренесени во костурницата во „Свети Николе“.
Огромен е творечкиот опус на Дичо Зограф, како и географскиот дијапозон во кој работел. Меѓудругото неговите дела покрај Скопје и скопско се сретнуваат во црквите во Куманово и кумановско, потоа во црквите „Св. Троица“, во Гуменџе и во село Градец кај Видин, Бугарија, како и во „Св. Троица“ во Врање, Србија. Србите и Бугарите, како и секогаш во недостаток на свои синови, се обидуваат да го присвојат и Дичо Зограф, прикажувајќи го како Србин или Бугарин. А тој си е сепак само Мијак Македонец, еден од најголемите македонски зографи чие творештво ќе стане пример за многумина идни генерации зографи.
Иконописните ансамбли во скопските цркви „Св. Спас“ с. Црешево, „Св. Горгија“ во Бањани, и „Св. Никола“ во село Глуово се сметаат за едни од најбогатите и најубави од делата на Дичо во скопскиот регион. Меѓу најдобрите остварувања во неговото творештво се вбројува и иконата посветена на светите Седмочисленици, со св. Еразмо и св. Јован Владимир од 1862 година, изработена по нарачка на семејството Робеви од Охрид.  Оставил и неколку портрети меѓу кои и на јеромонахот Самоил изработен за манастирот Трескавец, во 1854 година, кој се смета за прв посовремен портрет во македонското сликарство  од XIX век. Во 1868 година Дичо ги слика и портретите на јеромонахот Теодосие и игуменот Јоаким во машката трпезарија на манастирот Јован Бигорски во духот на зографските решенија, кои до пред неколку години се сметаа за негови последни дела.
Сепак поновите откритија на икони потпишани од Дичо Зограф во село Белица, кои датираат од 1868 година покажуваат за продолжување на неговата активност со што се оспори дотогашната теорија дека уште пред 1868 година дошло до опаѓање на неговата продуктивност. Вистинскиот обем на работа на Дичо Зограф долго време не се знаеше. Со поновите откритија се заблежани не само раскошни престолни, празнични и целивни икони, туку и сликани на платно плаштеници, црковни касички и престолни крстови.
За целосно истражување на животот и делото на Дичо Зограф, потребно е спроведување на низа долгогодишни активности за што е потребно постоење на посебна институција за црковната уметност и култура. Без постоење на вакви институции животот на Дичо Зограф, како уште и на многумина други познати личности, уште долго време ќе останат загадочни за нашата историја.Димитрија Крстев(ич), познат како Дичо Зограф ( 1819, Тресонче, Дебарско – 1872/73) – се вбројува меѓу најначајните мајстори на Мијачка

Пронајдете не на следниве мрежи: