Диета „8 часа“: Јадете што сакате и слабејте

Оваа диета се заснова на принципот дека можете да јадете што сакате и колку сакате во одреден интервал од 8 часа во текот на едно деноноќие.На пример, од 10 до 18 часот јадете што сакате и колку сакате, а останатоте 16 часа не јадете ништо.
Диетата 8 часа е една од најпопуларните диети на светот поради едноставниот принцип на кој се заснова. Не бара многу планирање, купување и готвење на специјална храна, броење калории и сл. Едноставно, можете да јадете што сакате и колку сакате во одреден интервал од 8 часа во текот на едно деноноќие. На пример од 10 до 18 часот јадете, а останатите 16 часа постите, односно не јадете. Се смета дека на овој начин ќе го забрзате метаболизмот и ќе го согорите вишокот масти, а ако сакате да постигнете уште подобри резултати, определете се за здрава, немасна храна која ќе ви обезбеди повеќе хранливи материи и енергија, а помалку калории.
Позитивни страни
1. Кога планирате што ќе јадете во период од 8 часа, станувате посвесни за она што го јадете. Можете да изберете поздрава храна и да ги избегнете непотребните калории и маснотии.
2. Самата помисла дека можете да јадете што сакате и колку сакате делува позитивно на психата, така што нема да имате потреба да се прејадувате.
3. Последниот оброк е обично околу 17-18 часот вечерта, така што се избегнуваат нездрави оброци и прејадување во доцните часови.
4. Доколку не можете да издржите без никаква храна за време на постот, односно периодот кога не смеете да јадете, послужете се со некоја намирница која изобилува со влакна и протеини, како јогурт, зеленчук или јаткасти плодови.
Негативни страни

 

1. Бидејќи можете да јадете се што сакате во текот на 8 часа, може да се случи да јадете нездрава храна и да се прејадувате, што може да доведе до здравствени проблеми и дебелеење наместо слабеење.
2. Не треба да се претерува ниту со редуцирањето на храната. Погрижете се да ги внесете сите потребни хранливи материи во текот на денот – витамини и минерали, протеини, здрави маснотии и јаглехидрати. Внесувајте разновидна храна.
3. Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите диетата нема да има смисла. За да постигнете резултати од диетата, сепак ќе треба да внимавате што јадете и да вклучите одредени физички активности во вашиот распоред.На пример, од 10 до 18 часот јадете што сакате и колку сакате, а останатоте 16 часа не јадете ништо.
Диетата 8 часа е една од најпопуларнит

Пронајдете не на следниве мрежи: