ДИЕТА КОЈА ГО ЗБУДАЛЕ СВЕТОТ: Едноставни правила за хроно исхрана

Во хроно исхраната треба да го почитувате правилото  за комбинирање на храната, јаглените хидрати и протеините  јадете ги само за појадок. Оброците не смеете да ги прескокнувате.„Важо е да имате три оброка, а растојанието помеѓу нив треба да биде околу пет часа за да се регулира нивото на шеќер и инсулин во организмот.  Покрај хроно исхраната се препорачуваат  интервални тренинзи, а најдобра комбинација  е брз и спор од. Се тренира наутро или во текот на денот“, вели Марија Стајиќ, нутриционистка.
Забрането е прескокнување на оброците, а поготово навечер, која во другите диети најчесто се избегнува. Намирниците кои треба да се избегнуват и кога ќе дојдете до саканата килажа се млеко, шеќер, бело брашно, како и јогурт, кој често содржи скроб.
Хроно исхраната за кратко време стана популарна бидејќи не се води сметка за внесот на калории. Се слабее постепено, а килограмите не се враќаат доколку продолжите да се придржувате на лесните правила.
Мени според хроно  исхраната:
Појадок:
Јадете јаглени хидрати, протеини, масти. Но, треба да водите сметка за тоа да ја избегнувате пченицата и пченката. Сите останати видови брашно се дозволени, дозволено да се конзумира и сланина но без адитиви.
Ручек:
Би требало да јадете протеини како што е јунешкото месо, свинско или јагнешко месо но без јаглени хидрати, односно леб. Доколку јадете јаглени хидрати, тогаш со нив земете и зеленчук. Исто така треба да јадете што повеќе свеж зеленчук во вид на салата.

Вечера:
Исто така протеини, како што е белото месо или риба. Понекогаш можете покрај салатата да земете и парче сирење, но тоа откако ќе излезете од фазата на слабеење. И за вечера комбинирајте само бел или зелен зеленчук.
Благо:
Благо, па дури и овошје јадете само во попладневните часови, помеѓу ручекот и вечерата, никако наутро. Најдобар избор е црно чоколадо со најмалку 70 % какао, како и суво овошје, како што се сувите смокви и сливи.
Доколку треба да намалите поголем број килограми:
Се воведува рестрикција. Во рестриктивниот период потполно се исфрла ужинката, вклучувајќи го и овошјето, бидејќи содржи големо количество шеќер.
 Исто така од храната привремено се исфрлаат  сите скробни зеленчуци, како и јаглени хидрати за ручек.„Важо е да имате три оброка, а растојанието помеѓу нив треба да биде околу пет часа за да се регулира нивото на шеќер и инсулин во организмот

Пронајдете не на следниве мрежи: