Диета обединети нации

 
 Целта на оваа диета е доведување до промена на метаболизмот покрај примарното слабеење. Неопходна е консултација со лекар пред да започнете со оваа диета. Диетата трае 90дена и се губат 18-25 килограми, доколку сакате да ослабите помалку тогаш можете да ја прекинете порано, но во тој случај нема да дојде до промена на метаболизмот. 
 
 Доручекот е ист сите 90дена и се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје. Диетата започнува секогаш со протеински ден, а редоследот на деновите не смее да се менува.
1 ден – Протеински ден  Ручек-месо, варено или печено (3 парчиња-ресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа но без резанци. Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото односно на јајцата треба да им се преполови количината.
Вечера-истото од ручекот, но без супата. Доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо. 2 ден – Скробен ден Ручек-грав, грашок, спанаќ, компир. Треба да биде варен и единствено зачинет со зачини. Едно парче леб и салата. Вечера исто како ручекот со тоа што дозата треба да ја преполовите. 3 ден – Јагленохидратен ден Ручек-варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво, на пример 3 кифли. Вечера-2 парчиња торта, или 3-4 колачиња, или пак 3 топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење како би ги избегнале алергиите. 
4ден – Овошен ден  Ручек и вечера колку што сакате мешано овошје.

После циклусот од 7×4 дена, односно 29 дена (три пати во текот на диетата) се држи воден ден. Се пие само вода евентуално може да додате и чај но без шеќер. После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден. Кафе и чај може да пиете но без шеќер. Соковите избегнувате ги. Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејки најбрзо ќе му даде енергија на организмот. Чоколадата го штити организмот од можни алергии. Количините на храната се поголеми од вообичаено, а намирниците подесени за нашите услови и поднебје.
Делува комплицирано, но количината на храна не е поголема од количината која секојдневно ја внесуваме без разлика што килограмите се губат. Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите, но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.
После 90 дена диета наредните 90 дена за доручек се јаде само овошје, додека со ручекот и вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател на промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци. 
Пожелно е на половина од диетата да се контролира крвната слика. Сите кои ја држеле оваа диета, изгубиле најмалку 10 килограми без никакви здравствени проблеми. Личностите кои патат од зголемен крвен притисок по неколку недели немаат потреба од лекови.
Пробајте, нема да зажалите.
 
 
 
 Доручекот е ист сите 90дена и се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје. Диетата започнува секогаш со протеински д

Пронајдете не на следниве мрежи: