Држењето диета не е лесно и не може на сите да им успее. Токму поради тоа, диетата со грозје е идеална. Трае само 4 дена, не сте гладни, а можете да изгубите и до пет килограми. Покрај тоа, можете да научите и неколку трикови како е најдобро да се комбинира грозјето со останатите намирници.Кога бирате грозје, определете се за она со семки бидејќи содржи полифенор и помага при успорување на процесот на стареењето. Оваа намирница го освежува телото, ги чисти и ги обновува залихите на хранливи материи.
ДЕН 1
Доручек: – Овесни снегулки
– 1/ 2 портокал исецкан на коцки
– 2,5 дл јогурт со малку масленост
-100 гр зрна грозје
Измешајте ги сите состојки во голем сад и оставете ги да отстојат десет минути.
Ручек: – 200 гр исецкана тиква на ситни парчиња и пропржена со малку путер на неколку минути
– 100 гр зрна грозје исецкани на пола
– 100 гр зелена салата
– 1 лажица сецкани ореви
Вечера: – Овошна салата (100 гр зрна грозје, 50 гр ананас исецкан на ситни коцки и додадете 50 гр сок од грозје и вода).
– Пилешки гради, не потешки од 150 гр подготвени на скара.
ДЕН 2
Доручек: – Лимон и јогурт. Измешајте 250 гр јогурт со помалку масленост, една лажица сок од лимон и додадете 150 гр зрна грозје.
Ручек: – Риба. Сварете 5 парчиња риба во три пати повеќе вода. Измешајте со 150 гр зрна грозје.
Вечера: – Супа од компир со зеленчук. Сварете 150 гр компир, морков и целер за 15 минути. Зачинете го, додадете лажица маслиново масло. По јадење земете 250 гр свежо црвено грозје.
ДЕН 3
Доручек: – Ставете во блендер 100 гр младо сирење и 150 гр грозје.
Ручек: – Згответе 250 гр риба (по ваш избор), 150 гр брокула и главица кромид. По јадење земете 150 гр црвено грозје.
Вечера: – Грозјето се меша од 2,5 дл сок од грозје, 50 гр зрна грозје. Додавате пола јаболко, 5 гр желатин. Измешајте го желатинот со малку вода, оставете малку да отстои, потоа додадете го сокот од грозје и додадете парчиња од јаболка и зрна грозје. Оставете да отстои еден час во фрижидер.
ДЕН 4
Доручек: – Едно парче леб со 100 гр помалку масно сирење. После тоа јадете 200 гр грозје.
Ручек: – Палачинки со грозје кои се прават од 3 лажици брашно, половина чаша вода и едно јајце. Испечете ги палачинките и филувајте ги со 100 гр немасно младо сирење, лажица минерална вода и 200 гр зрна грозје. Посипете со цимет.
Вечера: – Чорба со гулаш од печурки. Згответе 100 гр брокула 2-3 минути, во меѓувреме испечете еден голем морков испечете со малку печурки. Сите состојки ставете ги во сад и додадете 1/2 чаши супа од зеленчук и гответе 10 минути.
Пред крајот додадете 60 гр црвено грозје и 2 лажици павлака. Со ова можете да јадете 100 гр ориз.Кога бирате грозје, определете се за она со семки бидејќи содржи полифенор и помага при успорување на процесот на стареењето. Оваа намирница го осв



