Диета за секој ден

Диетите не треба да ги сфатиме како начин на исхрана само во одредени периоди, туку најдобро е да ги усвоиме како нормална исхрана во секојдневниот живот.
Погледнете една едноставна, но ефективна диета за секој ден, кои ако бидете упорни ќе ви станат секојдневие и на тој начин никогаш нема да имате проблеми со тежината.
Доручек (од 08.00 до 9.00 часот)
Доручекот нека биде свежо овошје од 200 до 300 грама. Две средни или едно големо јаболко е одличен избор за почеток на денот. Во некој од следните денови за доручек можете да јадете една круша, банана или било кое друго овошје. Може и мусли со парченца свежо овошје прелиено со јогурт. Во оваа комбинација два до три пати неделно  додадете и варени белки од јајца или испржени белки како омлет. Се разбира во тој случај редуцирајте ги другите елементи на доручекот.

Предпладневна ужина (од 11.00 до 12.00 часот)
Половина пакување печени соини зрна. Можете да ги комбинирате со други јаткасти плодови како што се лешници бадеми, индиски ореви и слично. Дваесет до триесет грама се доволни за до времето за ручек.
Ручек (од 13.00 до 15.00 часот)
Салата и пилешки стек или салата со плескавица од зеленуч.  Доколку обожувате сирење,  тогаш салата и печено парче биено сирење. Салатата нека биде редовна на вашето мени за ручек. Парченце црн леб е одличен додаток на комбинацијата за ручек. Може и чаша црно вино.

Попладневна ужина (од 16.00 до 17.00 часот)
Дозволено е едно капучино со две велнес колачиња. Доколку морате да ставате шеќер – нека биде кафеав и нека биде во мали количини. Избегнувајте користење на вештачки засладувачи и ако можете избегнувајте го кафето или заменете го со незасладен чај.
Вечера (од 18.00 – 19.00 часот)
Тестенини со некаков лесен сос. Препорачливо е да консумирате тестенини од интегрално брашно. Со пармезанот или тврдото сирење однесувајте се малку поштедливо. Може да си направите и сендвич со две парчиња леб со зрна, парче протеинско сирење (на пример биено сирење) домат, пиперка, свежа салата. Наместо мајонез или друг висококалоричен сос,  користете сенф кој можете да го употребувате во неограничени количини.

Не заборавајте да консумирате вода во текот на целиот ден. Три до четири литри би биле перфектни за лица со зголемена телесна тежина и висок масен индекс.
Изгубете 3 килограми за 5 дена
Доколку се придржувате на оваа диета и со нормална физичка активност би требало да симнете околу 2 до 3 килограми месечно. Ако имате цел да  намалите повеќе од 3 кг месечно, препорачуваме физичката активност да биде малку по интензивна. На пример еден час брзо пешачење или интензивен пилатес или аеробик тренинг.Диетите не треба да ги сфатиме како

Пронајдете не на следниве мрежи: