„DigiSport“: Јован Костовски потпишува за Динамо Букурешт

Романски „ДигиСпорт“ пренесува дека е постигнат договор за трансфер на напаѓачот на скопски Вардар, Јован Костовски, во романски Динамо Букурешт.Динамо Букурешт го ангажираше Јован Костовски, тој сега ќе биде под команда на Џиџи Мулцеску.
Се чини дека конечно е решена целата сага околу наводниот трансфер на Јован Костовски, за кого се појавија многу шпекулации во последниот период.

Романски „ДигиСпорт“ пренесува дека работата е комплетирана, македонскиот репрезентативец се сели во Букурешт. Медиумот пренесува дека постојат само формалности за да се докомплетира трансферот.
Според истиот извор, се претпоставува дека Јован Костовски во Динамо Букурешт ќе заработува околу 10 000 евра месечно.
Извор/Фото: www.digisport.roДинамо Букурешт го ангажираше Јован Костовски, тој сега ќе биде под команда на Џиџи Мулцеску.

Пронајдете не на следниве мрежи: