Џихадисти ќе ве стигне нашата одмазда: „Анонимуси“ им објавија војна на Исламистите!

„Ние ќе ве следиме се до последениот и ќе ве убиеме. Дозволено ви е да убивате невини луѓе, затоа ние ќе ја осветиме нивната смрт“, се вели во соопштението на Анонимуси.„Ќе ги следиме вашите активности, ќе ги затвориме сите ваши профили на социјалните мрежи.“ Со овие зборови активистите на Анонимуси им објавиле војна на Ал Каеда и Исламската држава.
Белгискиот огранок на Анонимуси најавил дека ќе го одмазди нападот на редакцијата на Шарли едбо во кој џихадистите убија 12 лица.
Тие преку видео порака на Јутуб опишале нова кампања против џихадистите, под името #OpCharlieHebdo .
Во видеото се појавува активист со маска и изменет глас објаснува (на француски јазик) дека Анонимуси одлучиле да им објават војна на терористите на Ал Каеда и Исламската држава.
„Ние ќе ве следиме се до послден и ќе ве убиеме“ вели активистот на Анонимуси и продолжува  „Вам ви е дозволено да убивате невини луѓе, затоа ние ќе ја одмаздиме нивната смрт“.
Тие исто така  најавуваат дека нивните активисти  од целиот свет ќе ги следат сите онлајн активности на џихадистите и ќе ги затворат сите нивни профили на социјалните мрежи Твитер, Јутуб и Фејсбук.
„Ние нема да ви дозволиме да го наметнете вашиот шериетски закон во нашите  демократии, нема да дозволиме вашата глупост да ја убие слободата и нашата слобода на изразување. Ние ве предупредивме. Очекувајте го вашето уништување.“

Соопштението го завршуваат со типичниот манир на Анонимуси
„Ќе ве следиме секаде  на планетата, никаде нема да бидете безбедни. Ние сме Анонимуси. Ние сме легија.
Ние не забораваме. Ние не простуваме. Плашете се од нас. Исламска државо и Ал Каеда, ќе ве стаса нашата одмазда“, порачува активистот на Анонимуси.
Нивната  најава за одмазда, ја проследил жесток сајбер напад на веб сајтовите на француските градови во кои насловните страни на сајтовите се заменети со знаме на Исламската држава.
„Ќе ги следиме вашите активности, ќе ги затвориме сите ваши профили на социјалните мрежи.“ Со овие зборови активистите на Анонимуси им

Пронајдете не на следниве мрежи: