Џихадистите киднапираа уште четворица странци во Алепо

Терористите од групата Исламска држава грабнале четворица странци во северниот сириски град Алепо.
Заложниците биле однесени кон североисточната провинција Ракка, која речиси целосно е под контрола на ИД.Според американското онлајн издание на британскиот весник „Гардијан“, станува збор за две Италијанки, Јапонец и Данец. Нивните имиња не се наведени.
Италијанскиот весник „Република“ потсетува дека на крајот на јули во Алепо беа грабнати италијанските доброволки Ванеса Марзуло и Грета Рамели. Марзуло и Рамели, на возраст од 21, односно 20 години, создадоа хуманитарна програма за помош на сирискиот народ. Таа во Алепо развива хуманитарна дејност во областа на здравствената заштита и водоснабдувањето.
Жените беа грабнати во ноќта меѓу 31 јули и 1 август, кога вооружени мажи ја нападнаа куќата во Алепо во која доброволките живееја.
Досега се претпоставуваше дека напаѓачите се обични криминалциа, а не припадници на ИД.
Бројот на странци кои се наоѓаат во раце на џихадистите, со новите четворица заложници, веќе достигна 20.Според американското онлајн издание на британскиот весник „Гардијан“, станува збор за две Италијанки, Јапонец и Данец.

Пронајдете не на следниве мрежи: