Џихадистите на ИСИС уништија археолошки предмети од историскиот град Палмира

Џихадистите од Исламска држава соопштија дека уништиле шест археолошки предмети од историскиот град Палмира, кои биле одземени од еден шверцер, пренесе „nypost.com“.Во соопштението се вели дека шест бисти биле пронајдени кај еден криумчар на уметнички дела, откако бил запрен од џихадистите на контролен пункт.
Случајот е упатен до исламскиот суд во градот Манбиџ, северна Сирија, кој пресудил одземените археолошки предмети да бидат уништени, а мажот камшикуван.
На фотографиите објавени од ИД се гледа како џихадистите ги уништуваат бистите и како го камшикуваат мажот.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон, соопшти дека не е познато дали џихадистите ги уништиле вистинските или користеле лажни бисти, за да го прикријат фактот дека ИД шверцува археолошки предмети.
ИД во мај ја презеде контролата над историскиот сириски град Палмира. 
Во соопштението се вели дека шест бисти биле пронајдени кај еден криумчар на уметнички дела, откако бил запрен од џихадистите на контролен пункт.

Пронајдете не на следниве мрежи: