Џихадистките од Британија водат бордели во Рака

Акса Махмуд (20), од Глазгов, е предводник на групата Ал-Кан (која се состои само од жени), која оперира на територијата на градот Рака. Акса избегала од Шкотска минатата година.Имено, 60 жени од Велика Британија избегале во Сирија и му се придружиле на џихадот. Повеќето од овие жени се помеѓу 18 и 24 годишна возраст.
Ал-Кан ги тероризира другите жени кои не се однесуваат во согласност со правилата на шеријатскиот закон, а тие отвориле и бордел за задоволување на војниците.
Според изворите на Дејли Мејл, околу 3.000 жени во Ирак биле принудени да пружаат сексуални услуги во бордели кои се водени од џихадистките од Британија.
Девојките и жените се од племето на Јазидите кои се пренесени во Сирија.
„Тие веруваат дека џихадистите можат да прават што сакаат со овие жени, со оглед на тоа што тие не се муслиманки“, наведе Дејли Мејл.Имено, 60 жени од Велика Британија избегале во Сирија и му се придружиле на џихадот. Повеќето од овие жени се помеѓу 18 и 24 годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи: