Џихадистот Џон доаѓа од угледно лондонско семејство!

Маскираниот џихадист на ИСИЛ, кој стана злогласен поради бездушното отсекување на главите на заложниците, конечно доби име и презиме – тоа е Мохамед Емвази, Британец од западен Лондон, кој по струка е програмер.Британските служби за безбедност знаат за Емвази веќе со години наназад, но тој успеал да им избега во 2006 година кога отпатувал во Сомалија и ѝ се придружил на терористичката група Ал Шабаб. Во меѓувреме се вратил дома во Англија, па во 2012 година повтоно избегал – овојпат во Сирија.
Овој џихадистички џелат доаѓа од богато семејство, изразнал во Квинс парк и завршил информатика на Универзитетот Вестминстер како еден од најдобрите студенти.
Емвази го привлече вниманието на јавноста во август минатата година, кога со нож му ја отсекол главата на американскиот новинар Џејмс Фоли. Потоа, тој на ист начин му пресудил на колегата на Фоли, Стивен Сотлоф, на британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс, британскиот таксист Ален Хенинг, хуманитарецот Абдул-Рахман Касиг, а последен пат се појави пред убиството на јапонските заложници Харуна Јукава и Кенџи Гото.
Тој има кувајтско потекло, а Washington Post веднаш го пронајде неговиот пријател од детството.
„Веднаш знаев дека тоа е тој. Бевме како браќа. Да, сто проценти сум сигурен дека тоа е тој…“, изјави човекот кој сакаше да остане анонимен.
„Тоа е чудно семејство, не се вклопуваше со околината. Тој никому не му се јавуваше, не сакаше да се дружи со луѓето“, вели еден од сосдеите од Квинс парк за Evening standard.
Други велат дека бил учтив и имал обичај да носи модерна западна облека.
„Тој доаѓа од муслиманско семејство. Тие не се мешаат со нас, не се дружат, ниту пак разговараат со нас. Неодамна се отселија оттука“, вели друг сосед.Британските служби за безбедност знаат за Емвази веќе со години наназад, но тој успеал да им избега во 2006 година кога отпатувал во Сомалија и ѝ с

Пронајдете не на следниве мрежи: