Дијана Берченко е 22 годишна девојка која загина пред две недели кога со кола ја прегази 20 годишната Аљона Зајцева, ќерка на украински тајкун.Зајцева под дејство на алкохол, помина на црвено и покоси пешаци на тротоар со својот автомобил Лексус во центарот на Харков. Таа уби шест лица.
Несреќната Дијана до неодамна планирала венчавка, а сега ја погребаа во венчаницата во која требаше да го каже судбоносното да.
Семејството Бершенко е неуштешно затоа што Дијана не е единствената која страдаше во оваа страшна несреќа.
Во сообраќајката загина и зетот на Дијана, 27 годишниот Саша, а нејзината постара сестра Оксана е тешко повредена. На неа се уште не и соопштиле дека сопругот и нејзината сестра се мртви.
„Замислете, таткото на убиецот ни понуди пари. Што да правам со нив? Да купам нови патики, што, кажете ми? Ништо не може да ми го врати моето дете“ изјави ожалостениот и лут татко, 55 годишниот Игор Берченко.Зајцева под дејство на алкохол, помина на црвено и покоси пешаци на тротоар со својот автомобил Лексус во центарот на Харков. Таа уби шест лица.