ДИК бара проверка на спорните гласачи – Груби вели нема бришење

Државната изборна комисија да подготви нацрт-верзија во која ќе предложи методологија како ќе постапува со двете спорни категории гласачи, односно како ќе провери 40.000 избирачи и 172.777 гласачи за кои се претпоставува дека се во странство, пишува Дневник.Ова е епилогот од вчерашната средба на работната група на ДИK за прочистување на Избирачкиот список со претставниците на партиите од големата четворка. Партиските претставници на СДСМ и ДУИ, Дамјан Манчевски и Артан Груби, ваквиот договор го оценија како напредок и конструктивно поместување на позициите за Избирачкиот список. Таква е оценката и на ВМРО-ДПМНЕ, а за ДПА, рано е да се зборува за некакво поместување или договор.
На работниот состанок ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ги претставуваа заменик-министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски и пратеникот Беким Фазлиу, но не дадоа изјави. Впечаток е дека има поместување на прашањето за прочистувањето на Избирачкиот список, а наводно доказ за тоа е фактот дека СДСМ не инсистирала да се избришат 40.000 гласачи без нивна проверка.
Она што е извесно од вчерашниот состанок е дека за тие две категории гласачи најверојатно ДИK ќе треба да предложи измени на Изборниот законик. Дознаваме дека уште денеска Kомисијата ќе почне со утврдување измени во методологијата за тоа како да постапи со тие избирачи.
Груби изјави дека на состанокот ги разгледале предлозите на СДСМ за прочистување на Избирачкиот список.
– Побаравме ДИK да подготви методологија како да се постапува за спорните гласачи што се идентификувани од партиите во усогласениот Избирачки список. Очекуваме што е можно поскоро да ни достават извештај и предлог за постапување во однос на сите спорни записи во Избирачкиот список. Треба да биде јасно дека 172.000 гласачи не се спорни, туку СДСМ го спори гласачкото право на 40.000 гласачи. Значи верификација на гласачкото право се прави само на овие гласачи. Принципот на кој работевме денеска е дека не се споменува ни „б“ од бришење на тие гласачи – изјави Груби.
Манчевски од СДСМ констатира дека начелно е постигнат напредок за Избирачкиот список.
– За 40.788 спорни записи ќе се спроведе дополнителна измена на методологиите за проверка на Избирачкиот список, со кои овие граѓани нема по автоматизам да се запишат во Избирачкиот список, но ќе имаат шанса, ќе бидат јавно објавени и ако е направена некаква грешка, евентуално таа да биде исправена. Сепак, наше убедување е дека се работи за категорија на граѓани што според законот не треба да бидат во Избирачкиот список. Нема дополнителни проверки, овие луѓе ќе бидат објавени и ако не докажат дека се реални личности, нема да бидат запишани во Избирачкиот список – изјави Манчевски.
Според него, согласно резултатите од вкрстената проверка на базите на податоците, теренската проверка, но и административните проверки во МВР за 172.777 граѓани, според податоците на ДИK, ќе треба да се направи промена во методологиите за прочистување на Избирачкиот список. Со тоа, овие граѓани би биле дел од посебниот извод од Избирачкиот список. Манчевски нагласи дека тие не го губат правото на глас, туку индикациите се дека овие граѓани се надвор од Македонија, но тоа го немаат регулирано со соодветна документација.
ДИK ќе треба да утврди и дали има потреба од нови измени на Изборниот законик за да може да се регулира и евентуалното бришење на избирачи за кои ќе се утврди дека не постојат, но и во делот на евидентирањето 170 .000 гласачи како дијаспора во посебен список.
Со ова партиите топката за спорните гласачи повторно и ја префрлија на ДИK. Партиски извори брифираат дека ДИK сега треба да најде начин како да ги провери овие гласачи, дека ќе треба јавно да ги објави со име и презиме да спроведе кампања за тие сами да се пријават дека се реални гласачи или, во вториот случај, дека се надвор од државата.Ова е епилогот од вчерашната средба на работната група на ДИK за прочистување на Избирачкиот список со претставниците на партиите од големата четво

Пронајдете не на следниве мрежи: