Државната изборна комисија (ДИК), денеска одржува обука за осумдесетина контролори на теренската проверка што треба да започне до крајот на оваа недела. Станува збор за раководители и вработените во подрачните единици на Комисијата, кои потоа треба да ги едуцираат овластените анкетари кои ќе ги посетуваат граѓаните за проверка на нивните податоци.Обуката ја вршат вработени во ДИК од Секторот за избирачки список.
ДИК објави дека 374 овластени анкетари ќе ја вршат теренската проверка на податоците за, како што синоќа беше соопштено на седница на Комисијата, 89.383 гласачи. Вкупната бројка на лица што ќе се проверуваат изнесува 188.820 илјади. Бројката на анкетарите, како што велат од Комисијата, би можела да се зголеми доколку се појави потреба за тоа.
Задачата на контролорите на теренската проверка ќе биде да ги едуцираат за процесот на проверка, да има дадат инструкции и да им ги предадат материјалите.
Намерата на ДИК, како што соопштуваат од таму, е да има што е можно почист Избирачки список. Дополнително ќе биде соопштен бројот на лица што ќе биде предмет на теренска проверка по општини.
Анкетниот лист што ќе треба да биде пополнет, а ќе биде на македонски и на албански јазик и содржи три групи прашања. На листот прво се личните податоци што треба да се пополнат за лицето. Првата глава е со прашања за присуство на испитаникот, во втората се пополнуваат податоци за испитаникот според личната карта или патна исправа, додека третиот дел е за забелешка на анкетарот.
Како пасивни набљудувачи во процесот на проверка може да учествуваат претставници на четирите најголеми политички партии.Обуката ја вршат вработени во ДИК од Секторот за избирачки список.
ДИК објави дека 374 овластени анкетари ќе ја вршат теренската проверка н