ДИК денеска отфрли седум приговори на БЕСА

Државната изборна комисија (ДИК) денеска отфрли седум од осум приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите на неделните предвремени парламентарни избори на Движењето БЕСА. Образложението на мнозинството членови на највисокото изборно тело во државата беше дека тие биле правно неосновани, не содржеле докази и оти се поднесени откако беа објавени резултатите од гласањето и соопштувањето на бројот на мандатите.Во 16 часот членовите на ДИК заминаа на едночасвна пауза откако ги повикаа претседателот и членовите на Избирачкиот одбор од избирачкото место 0396/1 – Гостивар во ИЕ 6 да дојдат на сослушување бидејќи од записникот беше утврдено дека членовите на ИО утврдиле обид една жена да гласа по вторпат. Приговор за ова избирачко место поднесе БЕСА со тврдење дека е овозможено гласање за друг.
Седницата по паузата ќе продолжи со расправа по приговорите на СДСМ, а отако ќе заврши одлучувањето за овие приговори, членовите на ДИК ќе го сослушаат ИО од избирачкото место 0396/1 во Гостивар.
Приговорите на БЕСА се однесуваа на избирачки места во втората и во шестата изборна единица.Во 16 часот членовите на ДИК заминаа на едночасвна пауза откако ги повикаа претседателот и членовите на Избирачкиот одбор од избирачкото место 0396

Пронајдете не на следниве мрежи: