ДИК има одговорност пред народот и Уставот да ги заврши обврските на време

ДИК има одговорност пред Уставот , законите и народот да ја исполнат својата обврска на време, истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.-Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси сето тоа да се организира. ДИК има јасен мандат и сите членови на ДИК имаат одговорност пред Уставот, законите и народот на нашата земја да ја исполнат својата обврска на време. Ова е посебно важно откако е јасно дека четирите партии го утврдија Законот за избори каде се решени сите аспекти на изборите. Се договорија и изгласаа заедно во Парламентот закон во кој стои дека изборите ќе бидат на 24-ти април, што значи превзеле обврска за тоа. Дополнително Парламентот донесе одлука за негово распуштање на 24-ти февруари, со што се затворија сите дилеми околу датумот на одржување на изборите. Во нормални околности ДИК требаше да дознае за одлуката за избори дури на 24-ти февруари, со распуштање на Парламентот и требаше да ги организира изборите со тие рокови. Овојпат ДИК има скоро месец и пол повеќе време за тоа да го направи. Секоја опструкција во рамки на ДИК е само обид за пролонгирање на кризата во државата и нејзино продлабочување, што нема да добие поддршка од никој сериозен фактор, истакна Димитриев.-Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси

Пронајдете не на следниве мрежи: