Државната изборна комисија денеска на седница треба да го разгледа и усвои Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците.Рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК и преку веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата, заврши во петокот. Пријавувањето почна на 26-ти јули, а како спорни, беа објавени имињата на 39.502 гласачи.
До истекот на рокот, до Државната изборна комисија доставени се 8.922 пријави. Од нив, 3.620 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 5.302 за пријавување ја искористиле веб апликацијата.
ДИК има на располагање 10 дена од завршување на рокот за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Оние кои не се пријавени во предвидениот рок нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.Рокот за пријавување на спорните гласачи во канцелариите на ДИК и преку веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата, заврши во петокот. П