Членовите на Државната изборна комисија на денешната седница го усвоија Оперативниот план за преземање активности во функција на вршење вкрстени проверки со базите на податоци добиени од 10 државни институции.-На листата институции од кои ДИК ќе ги преземе податоците за претстојните вкрстени проверки се Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за водење матични книги, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделство (листа на приматели на земјоделски субвенции), Министерството за труд и социјална политика (приматели на социјална помош) и Народната банка на Република Македонија. На седницата беа усвоени и условите кои треба да ги поседуваат ИТ компаниите/експерти за вршење вкрстени проверки, се вели во соопштението од ДИК.
Државната изборна комисија ги прифати Правилникот за внатрешна организација и делокруг на работата на Стручната служба на ДИК и Правилникот за систематизација на работните места на Стручната служба на ДИК. На денешната седница е усвоен и заклучокот за објавување оглас за вработување на 10 извршители на определено време во траење до 31 декември 2016 година-На листата институции од кои ДИК ќе ги преземе податоците за претстојните вкрстени проверки се Фондот за здравствено осигурување на Република Маке