Државната изборна комисија немала надлежност да повика графолог за да утврдува дали потписот на граѓанката од Гостивар бил оригинален или не кога бил ставен во Избирачкиот список на гласачкото место 0396/1, анализира ДНЕВНИК.Ова го изјавуваат поранешниот претседател на ДИK, Александар Новаковски, и поранешниот член на Kомисијата, Александар Даштевски, кои додаваат дека на тој начин ДИK излегла од рамките на своите овластувања и ингеренциите.
– Барањето графолошко вештачење не е во надлежностите на ДИK. Ако е така, треба да се направат графолошки вештачења на сите гласови. Тука се работи за пропуст на Избирачкиот одбор, ако некој ~ го злоупотребил потписот на гласачката, тогаш е надлежно Јавното обвинителство – изјави вчера Александар Новаковски.
И Александар Даштевски е категоричен дека ДИK не смеела да бара графолог доколку се сомневале дека некој друг гласал наместо тоа лице.
– Во таков случај Јавното обвинителство е тоа што треба да поведе истрага и да утврди кој ~ го нарушил правото на глас – потенцира Даштевски.
Познато е дека проблемот за ангажирањето графолог од страна на ДИK се појави кога членовите решаваат по приговорот на Беса која поднела жалба со тврдење дека имало обид една жена да гласа вторпат. Графолошкото вештачење на потписот на жената се бара со цел да се утврди дали таа се обидела да гласа вторпат или некој друг гласал во нејзино име.
Претседателот на Избирачкиот одбор, кој заедно со останатите членови беше сослушан од страна на ДИK, посочил дека кога жената дошла да гласа, било утврдено дека таа веќе гласала, односно стоел потпис во графата каде што требало да се потпише. Освен ова, на нејзиниот палец се забележувале трагите од спрејот за одбележување на гласачите. По ова, од неа било побарано да се потпише на бел лист хартија со цел да се утврди дали се работи за ист потпис. Откако утврдиле дека се работи за ист потпис, било заклучено дека станува збор за обид да се гласа вторпат.
Со тоа што ДИK повикала графолог да ја утврдува автентичноста на потписот, таа, практично, се впуштила во истражни дејства. Односно, само врз мислењето на еден експерт да утврдува дали нечиј потпис е автентичен или не. Ова е спорно како од аспект на изборот на графологот, кој е избран по пат на ждрепка, така и од аспект на оневозможување на страната која е незадоволна со наодот што ќе го даде овој ангажиран графолог да побара суперекспертиза. Но, членовите на Kомисијата воопшто не воделе сметка за тоа, со што направиле своевиден преседан и процедурален скандал.
Од друга страна, Новаковски и Даштевски потенцираат дека воопшто не било потребно да се врши ваква графолошка анализа и од причина што тој еден глас воопшто не влијаел врз резултатите на гласањето.
– Што ќе промени графолошкото вештачење ако еден глас не влијае на изборниот резултат? Ако овој еден глас влијае на резултатот на изборите во тоа избирачко место и тој еден глас врши промена на мандатот, тогаш може и да се поништи гласањето и да се прегласа. Но, нема шанси еден глас да има такво влијание – образложи Александар Новаковски.
Новаковски исто така тврди дека нема таков графолог кој за кус рок ќе пресече за потписот. Особено не, додава тој, до полноќ колку што ДИK имала рок за одлучување.
Гостиварското обвинителство поведе истрага
Јавното обвинителство на Република Македонија вчера соопшти дека Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет и за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој претходно гласал во нејзино име.
– Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во Избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала своето право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола – се наведува во соопштението.
Не може да се вештачи само врз потписот на личната карта и Избирачкиот список
Според сознанијата, графологот што го ангажирала ДИK веќе ја завршил својата експертиза која ја правел во просториите на ДИK.
Според правилата за да се изврши стручна и валидна експертиза, потребни се повеќе работи.
Експертиза на потписи се прави со употреба на повеќе помошни средства, што значи во посебни работни простории. Сепак, најважно е да се обезбедат повеќе документи од кои се гледа каков е потписот на лицето на разни документи и каков му е ракописот. Потписот на луѓето, иако изгледа исто, никогаш не е ист. С` зависи од ситуацијата во која се наоѓаме, од положбата на телото кога се дава потписот… Значи, потребно е да се има на увид потписот од личната карта, од пасошот и од други документи.
Исто така, потребно е лицето да се потпише во положба на стоење (како што било на гласачкото место), а потоа и да напише текст по диктат на вештакот за да се види како изгледа ракописот. Освен ова, потребни се и постари ракописи од лицето за да се види како пишува, што значи дека треба да има повеќе документи и тоа е најголем проблем да се обезбеди. Во основа вештачењето не може да се врши само врз основа на потписот од личната карта и од оној во Избирачкиот список.
Откако ќе се соберат сите документи со потписи и ракописи, може да се пристапи кон вештачењето, кое не мора да трае долго. Но, потоа треба и да се направи соодветен записник.Ова го изјавуваат поранешниот претседател на ДИK, Александар Новаковски, и поранешниот член на Kомисијата, Александар Даштевски, кои додаваат дека