ДИК прекина со работа околу 3 часот. Продолжението на седницата е закажано за напладне

Државната изборна комисија во три ипол часот по полноќ ја прекина јавната расправа за приговорите поднесени од политичките партии за изборите одржани на 11 декември. Продолжение на седницата закажа за напладне.Околу 22 часот пред седиштето на ДИК се собраа поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои порачаа дека нема да дозволат да им биде украдена победата на изборите.
ДИК досега одби седум од приговорите на БЕСА, а графологот кој треба да вештачи потпис на избирачко место по осмиот приговор на БЕСА стигна во ДИК непосредно пред одлагањето. Сѐ уште не е пронајден записникот 15 за едно избирачко место во општина Теарце во ИЕ 6.
Комисијата вчера расправаше за четири од предлозите на СДСМ кои ги одби, а денеска се очекува да продолжи со работата.
Граѓаните кои застанаа во одбрана на својот глас се разотидоа кога ДИК ја прекина седницата.Околу 22 часот пред седиштето на ДИК се собраа поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои порачаа дека нема да дозволат да им биде украдена победата на изборите

Пронајдете не на следниве мрежи: