ДИК: Пријавувањето на спорни гласачи ќе трае до 19 август

На веб-страницата на Државната изборна комисија утре ќе бидат објавени имињата на 39.502-та гласачи кои се сметаат за спорни во избирачкиот список. Тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето ќе биде електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единица на ДИК и во канцелариите на Управата за водење на матични книги.ДИК утре ќе објави јавен повик за пријавување на гласачите во земјава, а преку Министерството за надворешни работи повикот ќе биде објавен и во дипломатско конзуларните претставништва. До спорните гласачи ќе биде испратено и писмо преку кое ќе се информираат за потребата од пријавување.
Заклучно со 19 август, пријавувањето ќе може да се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК ќе има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.
Како што беше истакнато на денешната седница на ДИК на која беше усвоено упатството за пријавување, спорните гласачи за да се запишат во избирачкиот список ќе треба да приложат важечка лична карта или пасош доколку тоа го прават лично или, пак, да го внесат матичниот број и да испратат скенирана копија од лична карта или пасош доколку тоа го прават по електронски пат на посебната апликација на веб-страницата на ДИК.
Претставници на четирите политички партии ќе го набљудуваат процесот и доколку се случат нерегуларности имаат право да ги пријават во ДИК во рок од 24 часа.ДИК утре ќе објави јавен повик за пријавување на гласачите во земјава, а преку Министерството за надворешни работи повикот ќе биде објавен и во дип

Пронајдете не на следниве мрежи: