Апликација од официјалниот сајт на Државната изборна комисија наменета за пријавување на дијаспората за гласање на предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, беше промовирана денеска во просториите на ДИК.Адмир Шабани, советник за едукација во Државната изборна комисија, денеска на прес-конференција рече дека станува збор за активност која ДИК ја прави првпат оваа година и за овие избори со цел на граѓаните кои се на привремена работа или престој во странство да им овозможи полесен начин на пријавување за гласање за да го остварат своето право на глас.
Апликацијата, истакна, е многу едноставна и нуди единствена опција при почетокот на пополнување на пријавата со тоа што во делот на матичниот број се вметнува само матичниот број на граѓанинот и заради заштита на самата апликација има броеви кои ја нудат таа заштита.
– Во истиот момент кога се кликнува за да се продолжи со натамошните чекори апликацијата ги генерира останатите податоци кои се ставени во Избирачкиот список, значи податоците на самиот граѓанин – име и презиме, а во делот на реалните податоци ќе се покаже и името на еден од родителите, рече Шабани.
Посочи дека доколку има повеќе од една канцеларија, амбасада или претставништво, во полето за избор на ДКП каде ќе гласа граѓанинот, тој го избира местото каде сака да го оствари своето право на глас.
Во моментот кога граѓанинот ја испраќа пријавата, појасни, таа пристигнува до ДИК и почнува фазата на нејзина обработка. Согласно Изборниот законик, како што рече, ДИК е должна во рок од 24 часа од моментот на приемот на пријавата да даде одговор на граѓанинот кој ја поднел во врска со статусот на пријавата.
– Во делот на пријава за гласање граѓанинот ја пишува државата во која се наоѓа. Во наредната графа се пишува амбасадата или конзуларнот претставништво на Република Македонија каде граѓанинот сака да го оствари своето право на глас. Граѓанинот е должен да ја впише е-маил адресата со цел ДИК да воспостави комуникација со него односно да испрати информација која се однесува на неговата пријава. Се пишува и бројот на важечката патна исправа на граѓанинот. Тука граѓанинот на РМ треба да прикачи документ со што ќе го потврди престојот во странство, рече Шабани.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека пријавувањето на граѓаните трае до моментот на завршување на јавниот увид. Значи, посочи, во моментот кога завршува јавниот увид се затвора и апликацијата и завршува пријавувањето на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека ги очекуваат анализите кои треба да ги направат во однос на најновата состојба на Избирачкиот список, обврска која произледува од самиот момент на распишување на изборите, обврска која ДИК ја направила со тоа што поднела барање до МВР за да ја достави новата состојба.
– Остануваат само да се направат анализи, а за тоа има време до почетокот на јавниот увид. На јавен увид се става Избирачкиот список со најнова состојба, додаде Шабани.
Од Државната изборна комисија информираа дека во тек е пријавувањето за гласање за предвремените избори за пратеници во Собранието на РМ, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии.
Заклучно со денеска до 14:00 часот можноста за пријавување преку електронската апликација ставена во веб страната на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 11 граѓани на Република Македонија, од кои 10 пријави се прифатени, додека една пријава е во фаза на обработка.Адмир Шабани, советник за едукација во Државната изборна комисија, денеска на прес-конференција рече дека станува збор за активност која ДИК ја пра