сабота, 28 ноември 2026
Најново

ДИК: Радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да објавуваат платено политичко рекламирање до 21 ноември

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.
– Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, се истакнува во соопштението на ДИК.
За прекршителите на овие одредби Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат

Поврзани вести