Државната изборна комисија (ДИК) и нејзиниот прв човек Александар Чичаковски веќе трет ден се кријат и одбегнуваат јавна дебата за изборите. ДИК се уште нема одговорено на повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржи јавна седница на која би биле присутни по двајца членови на четирите политички партии за да се види каде се проблемите со прочистувањето на избирачкиот список.Срамно е што по цели три дена одбегнување на одговори, Чичаковски се сокри зад неаргументирано соопштение. Содржината на самото соопштение наликува како да е пишувано од штабот на СДСМ, бидејки и по реториката и по нивото на неаргументираност прилега дека е дело на оваа партија.
Од Државната изборна комисија наведоа дека вршат кадровско доекипирање, но оти на првиот оглас за информатичари не се пријавиле доволен број кандидати, па затоа ќе биде делумно повторен.
Наместо Чичаковски да прифати дебата и јавна расправа за процесите за кои ДИК е надлежна, тој се жали дека немал доволно вработени. Оттука нема да не’ изненади следниот пат да се жали дека му недостасуваат и два принтери, три монитори, еден или два кафе автомати и дека поради тоа е потребно одложување на изборите, само со цел да удоволи на други.
Излегува на виделина дека правдањата на ДИК за прочистувањето на списокот се само бледо и нерално алиби смислено со цел да се поткрепи ставот на опозицискиот лидер Зоран Заев за одлагање на изборите.
ДИК има должност да обезбеди техничка поддршка на процесот и да обезбеди спроведување на избори од моментот на дознавање на одлуката за распустање на Парламентот.
Од Чичаковски и ДИК се очекува да прифатат јавна дебата за постапките и активностите поврзани со изборите закажани за 24 април, во спротивно се е само прочитан политички блеф на Чичаковски во корист на Заев.
Тодоров со аргументи објасни дека ДИК има време за прочистување на списокот
Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера во вестите на Сител со аргументи објасни дека ДИК има време за прочистување на списокот.
Тој вели дека проценката дека нема услови за избори се темели на грешна претпоставка и дека не е точно дека списокот треба да се објави на увид на 5-ти март.
-Таа проценка е направена врз основа на тоа што имале претпоставка дека избирачкиот список се објавува 15 дена по распуштање на Парламентот. Тоа не е точно, избирачкиот список се објавува во рок од 15 дена по распишување на изборите. Претседателот на Собранието на Република Македонија е тој кој ги распишува изборите и тоа во рок од 10 дена од денот на распуштање на Парламентот. По тој период почнуваат да течат овие законски рокови, рече Тодоров.
Тој вели дека овие факти ги знаат во ДИК, ги знае секој правник, а лесно се согледуваат и со обично читање на изборниот законик.
-Ако избирачкиот список не се објавува на 5-ти март, односно се објавува на 15-ти, 17-ти или 18-ти март, тоа значи дека ДИК има повеќе од доволно време да го заврши вкрстувањето на податоците на избирачкиот список. Во изминатиов период, ние имавме повеќе средби на различни нивоа и со меѓународната заедница и со партиите, на техничко и експертско ниво, секако. Сите потврдија една работа. Потврдија дека најмногу потребни се 14 дена за да се заврши вкрстувањето на податоците од избирачкиот список. Иако најголем дел од експертите, оние кои се занимаваат со оваа работа, велат дека ова може да се заврши за ден-два, максимум три, рече Тодоров.
И да ги слушаме само експертите од ДИК, вели Тодоров, дека ова треба да се заврши за 14 дена, има доволно време.
-Требаше да почнат од вчера, од недела. Во недела ДИК има обврска да работи затоа што во недела се изборите, ако ДИК не работи во недела никогаш избори нема да има. Ако од вчера, 14 дена се работеше на вкрстување на податоците, ќе имаше доволно време да се заврши оваа операција и да се отпочне со теренската проверка и пред да се објави на јавен увид избирачкиот список. Теренската проверка ќе можеше да продолжи потоа и по објавувањето на избирачкиот список што значи дека за теренска проверка ќе имаше повеќе од 23, 24 можеби и 25 дена за да се комплетира и оваа активност, рече Тодоров.
Сево ова, заклучи тој, значи дека има доволно време и за вкрстување на податоците и за прочистување на избирачкиот список и за теренските проверки и за жалбените процедури за реакциите на граѓаните до заклучување на избирачкиот список
-Инаку треба да се знае дека избирачкиот список пред да се заклучи, јавно се објавува на веб страната на ДИК, а пред тоа се доставува до сите политички партии кои имаат период од 5 дена да реагираат на избирачкиот список. Така да нема ни теоретска шанса избирачкиот список да остане непрочистен пред да се организираат избори. Ако избирачкиот список е услов за фер и кредибилни избори тогаш таа претпоставка може и мора да биде остварена од страна на ДИК, заклучи Тодоров.
Стоилковиќ: Чичаковски да не се крие зад бесмислени соопштенија
Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека кога некој како претседател на ДИК ќе се крие зад соопштенија од „два реда“, соодветно ќе мора да се реагира.
-За сеачите на магла потсетување дека ДИК е одговорна пред Собранието на Република Македонија.Кога некој како Претседател на ДИК со два реда соопштение ќе се обиде да објасни, а во суштина се затскрива зад својата нетранспарентност и неодговорно работење мора да се реагира на соодветен начин и да се укаже дека таквото однесувањето не е ни од близу на нивото на одговорност на оваа институција во актуелните политички процеси во државата и суштината на процесот за кој истата е одговорна, напиша Стоилковиќ.
ДИК треба да ја отвори за јавност нејзината работа, а не со бесмислени оправдувања да остава простор за алиби политика на оние кои, ако може во недоглед би ги одложувале изборите, вели тој.
-ДИК треба да отвори дебата за проблемите со кои се соочува, а не да создава проблеми во политичкиот процес и креира хаос и безредие. ДИК е сервис во севкупниот изборен процес, а не некој кој си замислува дека од него зависи одлуката дали ќе има или не избори.На крајот од краиштата, задачата на ДИК е да обезбеди техничка поддршка на изборниот процес и спроведување на изборите согласно Изборниот законик и таа задача истата ја врши во текот на целиот мандат, а на само пред избори, заклучува тој во својот Фејсбук статус.Срамно е што по цели три дена одбегнување на одговори, Чичаковски се сокри зад неаргументирано соопштение. Содржината на самото соопштение наликува