До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 14:00 часот политичките партии и коалициите не поднеле приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од неделните предвремени парламентарни избори, информираат од Комисијата.Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до вечер до 19 часот, додекот рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање и утврдување на резулатите истекува в среда, во три часот наутро.
ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на секој приговор да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа.
Конечните резултати од предвремените парламентарни избори 2016, ДИК ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на целата постапка по приговори.Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок