Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во посета на Македонска Каменица, каде се сретна со градоначалникот Дарко Митевски и го посети новоизградениот Центар за деца со пречки во развојот.– Морам да кажам дека ова е најубавиот објект, најубавиот дневен центар во Република Македонија. Вкупната инвестиција за изградба на овој објект изнесуваше околу 11 милиони денари. Тоа е инвестиција на општината, објектот е целосно завршен. Министерството за труд и социјална политика ќе го покрие делот за опремување на објекот со инвестиција околу 1 милион и 600 илјади денари или вкупна инвестиција од 12 милиони и 600 илјади денари, рече Спасов.
Додаде дека објектот опремата е веќе пристигната и оти се очекува по завршувањето на изборите да се ангажира потребниот кадар, и тој да се обучи за реализација на програмата со овие деца, а како што рече, некаде на почетокот на следната година да се пушти во функција.
– Овој дневен центар многу ќе им помогне на родителите на децата со пречки во развојот во Македонска Каменица, меѓутоа и на самите дечиња. Досега голем број на деца го посетуваа Дневниот центар во Делчево што значи секој ден патуваа десетици километри до таму и назад со цел да ги користат услугите коишто ги реализира тој центар. Веќе во почетокот на следната годна ова нема да биде случај односно родителите безгрижно ќе можат да ги остават своите дечиња на професионалниот кадар којшто ќе биде ангажиран, којшто ќе им посвети целосно внимание на децата коишто ќе бидат згрижени во овој дневен центар за деца со пречки во развојот, рече тој.
Информира дека во рамки на целата недела ќе има стручен кадар којшто ќе се грижи за нивните потреби, а стручни лица ќе помагаат децата да се стекнат со нови знаења, нови вештини, да стекнат нови пријателства, да се социјализираат…
Градоначалникот Митевски истакна дека е задоволен што објектот е изграден за доста кратко време.
– После изборите очекуваме поддршка со персонал, воспитувачи, дефектолози, логопеди, за да можеме целосно да го ставиме во функција. Ние како општина и понатаму ќе реализираме низа социјални мерки коишто ќе бидат во интерес на граѓаните на нашата општина. Се надеваме дедка со отпочнувањето на функционирањето на овој дневен центар сите деца односно фамилии, родители коишто имаа потреба од едно вакво згрижување во општина Македонска Каменица ќе го посетуваат дневниот центар и се надевам дека успешно ќе функционира во иднина, рече тој.
Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика истакна дека на средбата со градоначалникот станало збор и за сите мерки и активности кои се реализираат во општината, за корисноста на проектите и мерките за поддршка на малите и на средните компании за отворање на нови работни места, за самовработување со грант средствата, поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот, како и сите останати мерки коишто се реализираат преку Агенцијата за вработување, а како што рече, даваат позитивни резултати во намалување на невработеноста во државата но и во оваа општина… Најави дека општина Македонска Каменица ќе биде опфатена и со проектот за изградба на 140 детски градинки.– Морам да кажам дека ова е најубавиот објект, најубавиот дневен центар во Република Македонија. Вкупната инвестиција за изградба н