На 28.10 околу 23 часот возејќи од во правец од Филип втори кон Илинденска свртев на Илинденска десно и продолжив право и на семафорите кај Зоолошката свртев лево и застанав на следните семафори, прописно на црвено светло. Чекајќи да се запали зелено светло наеднаш возилото кое што го управував беше нападнато од непознато лице односно започна да тропа на совозачките врати и се обиде да ја отвори вратат и истото се закануваше по мојот живот, објасни на денешното гостување на Тв Нова заменик министерот за труд Диме Спасов.Додава дека во тој момент почувствувал загрозениот и започнал да вози.
-Продолжив право и ги поминав семафорите кај Партизанска и застанав кај следните семафори кај фабриката Треска. Во меѓувреме веднаш кога тргнав забележав дека лицето кое што го нападна моето возило и кое што на некој начин се обиде да ме извади од возилото со цел физички да ме нападне влезе во возилото кое што возеше позади и продолжи да ме следи. Застанаа кај фабриката Треска, најпрво излезе едно лице и започна да тропа по совозачките вратри и се обиде да ги отвори и се закануваше. Веднаш потоа излезе уште едно лице кое што се обиде да ја отвори возачката врата, објаснува Спасов.
Во тој момент почувствував опасност по мојот живот и безбедност и се обидов да им побегнам.
-Свртев десно по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и пред Веро 2 повторно свртев десно во обид да ги избегнам. Бидејќи се работи за споредна улица која што е навистина тесна и на која што има паркирано многу возила бегајќи од напаѓачите во разминување со уште едно возило се нарави мал контакт. Сакам да и се извинувам на госпоѓата на чие возило нанесов минимална штета. Жалам поради таквиот настан и ќе ја надоместам причинетата штета. Да беа околностите други со сигурност ќе застанев, но бев бркан и следен и од непознати лица продолжив да возам и веднаш позади Катастарот за станав излегов од возилото и забележав дека две возила се паркираат позади моето возило. Од првото возило излегоа лица со огнено оружје со пиштоли во рака а од второто лицата кое ме следеа и кои ме нападна два пати на две раскрсници. Се обидов да разговарам со лицата со оружје. Наеднаш бев нападнат, беше применета сила и бев турнат над возилото кое го управував, беше вперен пиштол во мене. До сега сум немал работа со криминалци и со ништо не сум заслужил ваков однос да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти потоа се приближи и застана полициско возило од десната страна и во тој момент напаѓачот кој впери пиштол во мене се повлече. Следеше период во кој што дојдоа многу лица, дел од нив во униформа а повеќето неуниформирани. Дел од нив и ми се закануваа. Во една таква тензична атмосфера каде прво бев следен и во два обиди сакаа да ме извадат од возилото и физички да ме нападнат, потоа се обидов да бегам и бев нападнат од лице кое впери пиштол во мене. Покрај тоа врз напаѓачите не беа превземани никакви мери, односно само следеа и ја набљудуваа ситуацијата откако застанавме заклучив дека се работи за криминално полициска конструкција за смислена местенка која има за цел да го наруши мојот углед и штета врз мене и имаше опасност по мојот живот. Токму поради тоа се одлучив да го напуштам местото, објасни Спасов.Додава дека во тој момент почувствувал загрозениот и започнал да вози.
-Продолжив право и ги поминав семафорите кај Партизанска и застанав