Димески: Ова е отчет за нашето работење. Отчетот по кој вие нѐ оценувате нас и нашата работа

Прес-конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Прес-конференцијата ја одржа Никола Димески – Член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.ВМРО-ДПМНЕ се занимава со реалните проблеми на граѓаните, а дадениот збор за одговорниот политичар претставува силна обврска.
Проектите кои досега сме ги ветиле во нашата Програма, пред секои избори, како локални така и парламентарни, претставуваат даден завет пред нашите сограѓани. После секоја Програма, граѓаните веќе навикнаа и очекуваат Отчет, принцип на работа кој го наметна ВМРО-ДПМНЕ.
Токму од денес, најновиот Отчет за сработеното, тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе го достават до вас, но и преку пресконференции ќе потсетиме на сите реализирани проекти. Ова е Отчет за нашето работење.
Отчетот по кој вие не оценувате нас и нашата работа. Отчет во кој сите граѓани ќе можат да направат споредба за тоа што ветивме во Програмата и што реализиравме. Секој наш сограѓанин ќе може да се потсети за мерките кои се преземени и законите кои се изменети со цел подобрување и олеснување на животот.
Отчет во кој секој граѓанин ќе може да ги пронајде новите патишта и асфалтирани улици, реконструирани училишта, изградени спортски сали и терени, реконструирани здравствени објекти, но и оние кои не ги гледаме како што е комуналната инфраструктура, подготвените градежни парцели, електронски катастар, бесплатни елаборати и многу повеќе. Развојот на Македонија е во економскиот напредок на државата.
Растот на БДП гласно говори за стабилната економија и развојниот тренд. Стапката на невработеност на крајот од 2015 година се намали на 24,6 проценти, историски најниска досега. Во Индустриската зона Алинци во Прилеп почна да работи Гентерм, американска компанија од автомобилската индустрија, инвестиција во висина од 20 милиони евра во која во моментот има 345 вработени, а бројката ќе достигне 2.000 лица.
Во фаза на реализација и изградба на капацитет е и Акомпласт, германска компанија од автомобилската индустрија во која за почеток ќе се вработат околу 250 лица.
Грижата е и во зголемените плати во јавниот сектор, зголемената просечна пензија за повеќе од 70%, а најниската за 90. Оваа година следи ново зголемување на пензиите за 5%. Грижата е преку зголемување на социјалната парична помош за 61%, а од јуни и ново зголемување за 5%. Изградени се вкупно 678 станови за граѓани со социјален ризик, од нив 76 во Прилеп. Граѓаните си ги легализираа бесправно изградените објекти за 1 евро од метар квадратен!
До сега, повеќе од 8.000 наши сограѓани во Прилеп ги легализираа своите огништа. Изградени и реконструирани се 510км регионални патишта, 750км локални патишта. Како никогаш во историјата во Македонија, истовремено се градат 3 автопати! Завршен е тендерот за изградба на експресниот пат Прилеп-Градско и се очекува започнување на изградбата. Исто така, објавен е повикот за учество во изградба на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп.
За три години планирано е Прилеп да добие природен гас со цел намалување на трошоците на домаќинствата и индустриските објекти. Направени се над 200 милиони евра инвестиции во здравството, во моментов се изведува реконструкцијата на Болницата во Прилеп.
Реконструирани се и вкупно 390 средни и основни училишта, а изградена е 51 училиштна спортска сала. Децата се наш врвен приоритет. Вака се сака Македонија! Вака се сака Прилеп! Со многу реализирани проекти, со напорна и чесна работа. Ова се многу мал дел од реализираните пректи кои што ќе ги најдете во Отчетот за реализирани на повеќе од 3.500 проекти.
Со ВМРО-ДПМНЕ сте на сигурно, можете да планирате и да ја реализирате вашата иднина. Затоа ние продолжуваме со силно темпо до комплетна реализација на ветеното, но и реализација на многу нови проекти. Мерките и проектите кои ги реализираме се за подобар живот. Мерки и проекти кои што носат развој, напредок и просперитет за Прилеп и за Македонија.ВМРО-ДПМНЕ се занимава со реалните проблеми на граѓаните, а дадениот збор за одговорниот политичар претставува силна обврска.
Проектите кои

Пронајдете не на следниве мрежи: