Охриѓанецот Димитар Матилоски (26) вчера е погребан во Охрид. Тој е убиен од српски турист за време на новогодишната ноќ во градот. Социјалните мрежи вчера беа преплавени со коментари во кои се изразуваше жалост и последен поздрав до младиот охриѓанец како и повикување надлежните органи да му одредат висока казна на убиецот. Инаку, по само еден ден од убиството охридската полиција извести дека го расветлила убиството кое се случило во близина на кафе-барот „Табана“. Според СВР Охрид, Димитар М. (26) од Охрид им подлегнал на повредите во општата болница во Охрид, откако претходно пред кафе-барот „Табана“ бил физички нападнат од еден државјанин на Република Србија.Српскиот турист го нападнал Матилоски удирајќи го на плочникот од улицата пред влезот на кафе-барот. На овој напад му претходела жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил Димитар и уште други двајца свои пријатели, а од другата страна бил српскиот државјанин од Kралево со уште двајца други свои пријатели. Оваа вербална расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во кафе-барот „Табана“. Тука понатамошниот тек на нарушувањето бил спречен од вработените во кафе-барот. Напуштајќи го кафе-барот Димитар бил повторно нападнат од српскиот државјанин кој пред угостителскиот објект му задал повеќе силни удари со раце и нозе. Од местото на настанот, Димитар М., кој имал сериозни телесни повреди, со возило на брзата помош е пренесен во Општата болница во Охрид, каде што по половина час им подлегнал на повредите.
По добиени сознанија и усна наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во седум соби во објектот „Табана“ заради пронаоѓање на сторителите на кривичното дело.
Во една од собите, пронајден е српскиот државјанин за кој постојат основи на сомнение дека е сторител на физичкиот напад. Во истата соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на осомничениот. Во другите простории пронајдени се вкупно пет други српски државјани кои биле заедно со осомничениот и биле соучесници во нарушувањето на јавниот ред и мир во објектот. Сите лица се приведени во СВР Охрид, а три од нив по дополнителни оперативни мерки се лишени од слобода.
Убиство на свиреп начин
Основното јавно обвинителство од Охрид отвори постапка против три лица.
– За трите лица, државјани на Србија, од страна на надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена. Еден од осомничените се гони за кривично дело убиство од член 123 став 2 убиство извршено на свиреп начин. Останатите двајца се товарат за кривично дело помагање – велат од Обвинителството, пренесува Дневник.Српскиот турист го нападнал Матилоски удирајќи го на плочникот од улицата пред влезот на кафе-барот. На овој напад му претходела жестока вербална р