Димитар Мирасчиев

Димитар Мирасчиев 10. VIII 1876 – 28. X 1933 е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на весникот “Конституционна зарја“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 година се повлекол од политичкиот живот.Димитар Мирасчиев 10. VIII 1876 – 28. X 1933 е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на весникот “Конституционна зарја“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 година се повлекол од политичкиот живот.
Димитар Мирасчиев е роден на 10 август 1876  година во Штип. Се школувал во Штип, а средно образование  завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1892 година. Своето образование го продолжил на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија, каде завршил хемија во 1896 година.
Во Македонската револуционерна организација влегува покрстен од Даме Груев во учебната 1894/95 година. Во 1895 година, како студент учествува во Мелничкото востание, организирано од страна на Македонскиот комитет. Мирасчиев бил во третиот одред познат како Серската дружина на чие чело се ноѓал војводата дедо Стоју Костов Скрижевски. Во дружината која броела 200 души, од познатите македонски дејци, покрај Мирасчиев, биле уште Марко Лерински, Јане Сандански и Кирил Прличев.
По завршувањето на образованието во 1896 година, Мирасчиев работел како учител во Крива Паланка, Куманово и во Штип. По Виничката афера која започнува во ноември 1897 година, Мирасчиев бил уапсен, осуден на доживотна робија и испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран бил во август 1902 година.
По амнестијата бил избран за кривопаланечки војвода. Во 1903 година, со четата учествувал во Илинденското востание, во Скопскиот револуционерен округ. По задушувањето на востанието, Мирасчиев се повлекува во Софија, каде се приклучува на Македоно – одринската социјалистичка група на Васил Главинов, чиишто главни слогани се „Македонија за Македонците“, „Ослободувањето на Македонија е работа на Македонците“ и сл.
Мирасчиев соработувал со Јане Сандански и Крсте Мисирков. На 23 ноември 1903 година, тој се обидел со Крсте Мисирков, Стефан Дедов и Јордан Ангелов да формира Македонско научно-литературно друштво во Софија, но тоа е спречено од полицијата, а Мисирков бил принуден да избега во Русија. 
Мирасчиев учествувал на конгресите на Организацијата. По Младотурската револуција во 1908 година станал редактор на весникот на санданистите „Конституциона зарја“, кој излегува во текот на 1908 и 1909 година
Во пресрет на изборите во 1912 година, Мирасчиев и Тома Бајалцалиев го финансираат издавањето на весникот на Сребрен Поп Петров „Вистина’.
По поделбата на Македонија во 1913 година, Мирасчиев се повлекол од активниот политички живот. Две децении потоа, починал на 28 октомври 1933 година во Софија.Димитар Мирасчиев 10. VIII 1876 – 28. X 1933 е македонски револуционер и војвода, учител и деец на Македонската револуционерна организација. Со чет

Пронајдете не на следниве мрежи: