Димитар Несторов

Димитар Несторов е роден на 10 јуни 1890 година во Струга во семејството на Јосиф и Наумка. Со основно образование се стекнува во Струга (1902), а класична гимназија завршува во Битола во 1909 година. По завршувањето на средното училиште работи една година како учител во родното место, а потоа заминува во Швајцарија за да студира на Медицинскиот факултетД-р Димитар Јосифов Несторов (10. VI. 1890 – 6. II. 1968) е македонски лекар, револуционер, учител и општественик. Во 1921 година завршил медицина во Женева, каде што учествувал во работата на македонските студентски друштва, кои се борат за автономна Македонија. Како прочелник на Обласниот здравствен оддел, бил избран за член на АСНОМ во 1944 година, потоа од  1945 до 1946 година бил потпретседател,  а од 1946 до 1948 година претседател на Президиумот на Народното Собрание на НР Македонија.
Димитар Несторов е роден на 10 јуни 1890 година во Струга во семејството на Јосиф и Наумка. Со основно образование се стекнува во Струга (1902), а класична гимназија завршува во Битола во 1909 година. По завршувањето на средното училиште работи една година како учител во родното место, а потоа заминува во Швајцарија за да студира на Медицинскиот факултет. Меѓутоа, по избувнувањето Првата балканска војна, тој се враќа во земјата и во текот на октомври 1912 – октомври 1913 година учествува во балканските војни како доброволец на Македонско-одринското ополчение. Се стекнува со орден „За воени заслуги од IV степен“.
По балканските војни се враќа во Женева, каде дипломира на Медицинскиот факултет во 1921 година. Во меѓувреме, исполнет со патриотски чувства, тој се вклучува во студентското движење кое е формирано во средината на 1918 година во Женева. Во него биле зачленети 15 македонски студенти, меѓу кои: д-р Петар Здравев од Тетово, студентите Димитар Несторов од Струга, Трифун Греков од Ениџе Вардар, Благој Тошанов од Штип, А. Копанданов и Александар Крајчев од Велес и други.
По формирањето на друштвото членовите веднаш почнале да дејствуваат и ја користеле секоја прилика да го кренат гласот за Македонија. Објавувале статии во весниците, како што се „Нација“ („Nation“) и „Лист“ („Feuille“), а Димитар Несторов веднаш станал еден е од главните организатори на „Академското друштво Македонија“ во борбата за слободна и независна Македонија. Во септември истата година тој го пишува  прогласот на македонската интелегенција од Швајцарија, со кој се известува широката меѓународна јавност за формирањето  на македонско друштво, како и за нивните барања за независна Македонија…
По формирањето на Генералниот совет во декември 1918 година, како единственото тело кое ги претставува  македонските  друштва од Швајцарија (македонските друштва од Женева, Цирих и Лозана), Димитар Несторов како секретар на Главниот одбор настојувал да се влијае на релевантните меѓународни форуми во Европа за праведно решавање на македонското прашање. Тој е автор на текстот на Меморандумот што е изгласан на меѓународната конференција на Друштвото на народите која се одржала во Берлин во 1919 година, со кој пред меѓународната јавност се афирмира барањето за признавање на македонската нација и држава.
Димитар Несторов ги завршил студиите по медицина во Женева во 1921 година, по што се враќа во Струга. Тој почнува да работи како воен лекар во Битола (од септември 1921 до ноември 1922 година), а од јануари 1923 до јуни 1932 година живее и врши приватна лекарска пракса во Битола. Многу бргу, поради својот однос кон граѓаните станува познат и најчесто бил нарекуван „народен доктор“.
Во овој период маларијата и други заразни болести земааат замав во Битола и Битолско. Во 1932 година д-р Несторов бил назначен за општински лекар на Битола, односно за началник на санитарното одделение на битолската општина. Во 1934 година бил поставен и за раководител на кожно-венеричниот диспанзер во градот, по што тој и неколку негови млади колеги превземаат мерки за искоренување на заразата.
Во текот на Втората Светска Војна, за време на окупацијата, од ноември 1941 до октомври 1944 година, д-р Несторов работи како началник на Областната хигиенска лабораторија. Меѓутоа, како прогресивен народен лекар тој активно се вклучува во општонародното движење. Во 1941 година, со залагање на Стив Наумов, д-р Несторов бил избран за претседател на читалиштето, а д-р Трифун Пановски за потпретседател, по што читалиштето станува центар на ширењето на прогресивните патриотски и револуционерни идеи. Заедно со д-р Т. Пановски, д-р Дума, д-р В. Попадиќ и неговата сопруга Мирјам, собираат санитетски материјал и друг вид помош за формираните партизанските одреди.
Во 1943 година, во домот на д-р Несторов бил основан и првиот Народноослободителен одбор, а тој подоцна бил поставен за потпреседател. Но, неговата политичка активност не можела да остане незабележана од окупаторите. Набргу бил уапсен и интерниран на издржување на едногодишна казна во логорот Чучулигово, Бугарија. По издржувањето на казната, се враќа во Битола каде продолжува да работи како лекар, но и останува активен во НОД.
Во октомври 1944 година, д-р Несторов бил избран за член на АСНОМ и од ноември 1944 до април 1945 година е раководител на Обласниот здравствен оддел (Битолскиот округ).  Набрзо потоа завзема високи позиции во НР Македонија и ФНР Југославија. На 30 декември истата година станува член на Презиудиумот на АСНОМ, а од 25 април 1945 до 17 април 1946 година бил потпретседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија. Во 1946 година бил испратен во Белград како министер без портофел и се` до 1948 година работи како сојузен министер за здравство. Во текот својот мандат ја презема иницијативата и ја потпишува одлуката за основање на Медицински факултет во Скопје. По оставката на Методија Андонов – Ченто на 15 март 1946 година, до 30 декември истата година, д-р Насторов ја врши функцијата в.д. претседател на АСНОМ и функцијата сојузен министер за здравство.
На 30 декември 1947 година, д-р Димитар Несторов бил избран за претседател на Народното собрание на Народна Република Македонија и со него раководи успешно до 3 јануари 1951 година. Во текот на својот живот, тој меѓу другото бил и претседател на Комитетот за народно здравје и социјална политика на Југославија (31. XII. 1947 – 3. I. 1951), пратеник во Собранието на НРМ и на ФНРЈ, а извршувал и други функции.
Меѓутоа, поради промакедонското минато, структурите на Лазар Колишевски полека го отстрануваат д-р Несторов од сите значајни политички функции. Прво тој неколку месеци работи како началник во Министерството за здравство, а потоа бил испратен за управник на болницата во Битола и повереник за народно здравје на Битолската околија. Тука работи од 1 август 1951 до 31 јули 1952 година, а потоа во Демир Хисар каде работи како активен лекар до 15 септември 1954 година. Последните години, се` до пензионирањето на 1 април 1964 година, д-р Несторов работи како управник на Здравствениот дом во Битола и дерматовенеролог.
Д-р Димитар Несторов починал на почетокот на февруари 1968 година во Ниш, додека престојувал кај ќерка му Љиљана. По негова воља погребан е во Битола на 7 февруари 1968 г.
Во 1945 година Претседателството на АВНОЈ го одликува д-р Димитар Несторов со Орден за заслуги од втор ред, а во 1961 година е одликуван со Орден на труд со златен венец.Д-р Димитар Јосифов Несторов (10. VI. 1890 – 6. II. 1968) е македонски лекар, револуционер, учител и општественик. Во 1921 го

Пронајдете не на следниве мрежи: