Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев по повод Денот на независноста испрати честитка до граѓаните во која посочува дека 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа.– Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и аманетот на нашите предци за труд, постојанство и одлучност во промоцијата и заштитата на националните интереси, македонските граѓани ја донесоа одлуката за слободна, независна и суверена Република Македонија. Одлука која значеше остварување на вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба. Токму затоа 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа. Празник кога оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна Република Македонија, но и празник кој не поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава и за дејствување кое секогаш е водено од добра мисла и добра намера, вели во честитката Димитриев.
Достоинствено чекорејќи по патот на независноста, Република Македонија изминативе 25 години, како што посочува, се соочуваше со бројни предизвици како на домашен така и на меѓународен план.
– Години во кои остваривме бројни успеси и позитивни резултати, но и години во кои преминавме низ многу премрежја и негативни процеси. Години во кои покажавме дека пред се македонските граѓани имаат капацитет, сила и знаење да се соочат и да го надминат секој предизвик, демонстрирајќи при тоа огромна одговорност, мудрост и посветеност секогаш кога станува збор за интересите на државата, истакнува Димитриев.
Живеејќи во период кога Република Македонија е исправена пред нов предизвик за конечна разрешница на политичката криза која подолг период е присутна во нашата држава, силно верувам, вели премиерот Димитриев, дека граѓаните на Република Македонија, кои од 8 Септември 1991 година се свои на своето, на претстојните избори уште еднаш ќе ја покажат на дело својата мудрост и одлучност, и дека како многупати досега, Република Македонија и од оваа криза ќе излезе посилна и ќе продолжи да чекори по трасираниот пат за развој и просперитет. – По патот кој значи реформи и проекти за подобар живот, борба за економски раст и развој, битка за нови работни места и посветеност за целосна интеграција на нашата држава во НАТО и Европската Унија. Тоа е нашата цел, тоа е интерес на секој граѓанин на нашата држава и тоа е обврска на нашата генерација за нашите идни поколенија, посочува во честитката премиерот Димитриев.– Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и амането