Техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение, не само во поглед на квалитетот на нејзиниот легитимитет, кој што е природно е да извира од граѓаните, туку и во поглед на спроведувањето на политиките, напиша на својот Фејсбук профил Емил Димитриев, технички премиер за спроведување на изборите.– Актуелната техничка влада е со ограничени перформанси, што е сериозен хендикеп во поглед на спроведувањето на политиките, реформите и мерките значајни за државата и очекувани од граѓаните, нo и во поглед на извршувањето на нејзината основна функција за организирање на претстојните избори, имајќи го во предвид самиот факт што дел од актуелните министри кои доаѓаат од опозицијата имаат нарушени човечки и професионални односи со преостанатите, видливи и поинакви приоритети, но и тоа што позицијата евидентно ја користат за исполнување на партиски агенди и директиви, напиша Димитриев.
Истовремено, нагласува тој, тоа резултираше и со поднесување на повеќе кривични пријави што секако ги отежнува околностите под кој функционира оваа Влада.
-Затоа се потреби избори час поскоро, на кои ќе се добие полн легитимитет ползуван од граѓаните на Република Македонија. Техничката влада со вака нарушени перформанси не може да биде супститут на онаа избрана на фер и демократски избори и таа не е никако одржливо решение на подолг рок. Мандатот на оваа влада е за организирање на избори, ако нема избори во тој случај се доведува во прашање целисходноста од нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада и треба да се врати политичката влада која беше со полн легитимитет од граѓаните, заврши Димитриев.– Актуелната техничка влада е со ограничени перформанси, што е сериозен хендикеп во поглед на спроведувањето на политиките, реформите и