Димитриев: Државна и осум комисии на локално ниво ќе одговараат на барања на ДИК

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе формира работна група на државно ниво и осум на локално ниво коишто на дневна основа ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија, во врска со прашања поврзани со предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. 
Ова го соопшти премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по денешната средба со членовите на ДИК на која  присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков, заменик-министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошковски, како и претставник од Управата за водење на матични книги.
-Заклучивме дека сите ресори, особено МВР бидејќи ќе биде најмногу ангажирано во проверката на Избирачкиот список да формира една работна група на државно ниво и осум на локално ниво. Овие работни групи ќе ги формираат министерот и и дополнителниот заменик министер коишто на дневна база ќе одговараат на сите барања од ДИК. Истото тоа ќе важи и за останатите институции, од кои ќе има потреба ДИК за определени податоци. Од ова што го чув јас сум оптимист дека ќе се постигнат сите дејствија во предвидените рокови и ќе имаме фер и кредибилни избори на 5 јуни, рече Димитриев по средбата.
Премиерот за спроведување на изборите од страна на ДИК бил информиран дека се очекува вкрстувањето на податоците да заврши викендов и оти од наредната недела треба да почне теренска проверка на податоците.
-Беше побарано од Владата да помогне во навремено одговарање на сите барања од ДИК. Сите шпекулации околу Избирачкиот список, можам да кажам дека се вештачки пласирани бидејќи од она што го чув од ДИК сето ова од аспект на пријави на граѓани во Избирачкиот список е лесно проверливо, роковите се прилично кратки и дека сето она што го има како дилема во јавноста, ДИК и институциите на системот ќе го проверат во кратки рокови и таа дилема ќе биде расчистена, рече тој.
Според Димитриев, во моментов не може да се каже колку денови ќе трае теренската проверка на податоците.
-Не можеме да кажеме сега во моментов  прецизен рок  за теренската активност бидејќи треба да ги почекаме  извештајот од вкрстувањето на податоците. Од таа активност ќе видиме колкава е бројката на луѓето што треба да бидат теренски проверени и тогаш ќе имаме пореална претстава колку ќе трае теренската активност, рече тој. Но, како што потенцира, колкава и да е бројката ние сме добро организирани од логистички аспект и од аспект на луѓе коишто ќе работат на теренската подготовка.
-Од страна на Државниот завод за статистика се ставени на располагање луѓето коишто претходно имаат работено на слични проблематики, попис, анкетари…, од логистички, возила и друго се што е неопходно, Владата го има решено. Јас сум оптимист дека и теренската проверка ќе заврши во еден оптимален рок, рече Димитриев.
Викендов, како што кажа тој, ќе заврши можноста за проверката на податоците на граѓаните преку апликацијата која е поставена на страницата на ДИК и потоа ќе се знае точната бројка на граѓани кои доставиле пријави.
Од страна на ДИК Димитриев, како што рече, бил информиран дека Комисијата има капацитет многу бргу да постапи по пријавите од граѓани и да ги рачисти дилемите што се однесуваат на Избирачкиот список.
  
Ова го соопшти премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев, по денешната средба со членовите на ДИК на која &nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: