Димитриев: ЕУ ја задржува политиката на отворени врати

Клучната порака од Парискиот Самит е дека ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, а тоа е одличен сигнал за земјите од Западен Балкан, изјави вчера премиерот Емил Димитриев по завршувањето на Третиот Самит за Западен Балкан што се одржа по покровителство на францускиот претседател Франсоа Оланд.– Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. После Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан. Главната порака од овој самит од земјите членки на ЕУ е дека Балканот и понатаму останува подрачје каде приоритетно е зачленувањето во ЕУ. ЕУ ја задржува политиката на отворени врати, рече Димитриев.
Тој нагласи дека на смитот биле искажани повеќе размислувања во трите сегменти кои што беа дискутирани на самиот Самит – миграциите, безбедноста и европската политика.
– На мое задоволство и на задоволство на сите граѓани многу често беше искажана благодарност кон Република Македонија за справување со кризата, посебно со квалификции дека Македонија европски се однесувала во делот на менаџирање на мигрантската криза. Исто така дискутиравме за сфери од областа на безбедноста за нашите аспирации во НАТО. Ја реафирмиравме нашата позииција дека наш врвен приоритет е членството во ЕУ. Како резулат од овој самит е потпишување договор за отворање на регионана канцеларија за млади. Еден од акцентите беше ставен на младите и на перспективата на младите во регионот. Така што се на се јас сум задоволен од дискусиите од темите и од заклучоците кои што произлегоа од денешниот самит, рече Димитриев.
Во однос на билатералните спорови, тој посочи дека тие и понатака остануваат пречка за зачленување во ЕУ.
– Беше кажано дека членството на ЗБ во ЕУ треба да биде во ситуација кога ќе бидат надминати билатералните спорови. Нашата позиција тука е мошне јасна. Ние сме проактични цело време во тој правец да ги надминеме билатералните спорови, тука пред се мислам на спорот со нашиот јужен сосед за разликите со името и да најдеме заедничко прифатливо решение кое што би ги деблокирало нашите евроатлантски процеси. Така што билатералните спорови и понатаму остануваат нешто за кое ЕУ ќе продолжи да притиска за нивно решавање, рече премиерот Димитриев.
Конкретно за финансиски средства околу бегалската криза рече дека не станало збор, меѓутоа во принцип буџетските средства со кои располага оваа иницијатива, не се искористени.– Ова беше одлична прилика и одличен сигнал. После Германија и Австрија, Франција го презеде претседавањето со самитот Западен Балкан. Главна

Пронајдете не на следниве мрежи: