Димитриев и Хан разговараа за изборите, мигрантската криза и евроинтеграцијата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска престојува во Скопје, се сретна со претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.На средбата, како што соопшти кабинетот на Димитриев, била истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што била нагласена заложбата на двете страни за реализација на потребните реформи за унапредување на стандардите кои се од значење за европските интеграции.
Соговорниците разговарале и за процесот за обезбедување на фер и демократски избори при што премиерот Димитриев, како што се наведува во соопштението, изразил задоволство од фактот што сите политички партии се согласиле дека се исполнети сите услови за реализација на фер и демократски избори.
Димитриев посочил дека Владата за спроведување на изборите е фокусирана кон реализација на сите потребни активности коишто се од значење за овој процес, притоа нагласувајќи дека изборите на 11 декември се единственото решение за политичката криза и пат кон креирање на политичка влада базирана на волјата на гласачите која ќе се функционира во полн капацитет и ќе реализира проекти коишто се од интерес за сите граѓани.
На средбата станало збор и за предизвиците во врска со справувањето со мигрантската криза. Димитриев истакнал дека Македонија посветено и одговорно пристапува кон ова прашање, а одлуките во врска со ова прашање ги носи во координација со останатите земји кои се наоѓаат на мигрантската рута меѓу кои се и земји членки на Европската Унија.
Еврокомесарот Хан, се наведува во соопштението, дал позитивна оценка за односот и пристапот на Република Македонија, истакнувајќи дека државата имала клучна улога во справувањето со предизвиците од мигрантскиот бран.
Двајцата соговорници ги истакнале заложбите за продолжување на соработката меѓу двете страни во сите полиња од взаемен интерес.На средбата, како што соопшти кабинетот на Димитриев, била истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во Европската Униј

Пронајдете не на следниве мрежи: