Информиран сум дека предмет на разговори помеѓу политичките партии е и новиот обид за дополнително прочистување на Избирачкиот список (ИС), кој претходно беше ставен и на јавен увид и доставуван до политичките партии за евентуални забелешки. Меѓутоа и покрај сите тие напори, таа тема постојано се држи отворена. Се надевам дека овој обид за, условно би рекол, дефинитивно завршување на оваа тема со признавање на сите политички партии дека е прочистен ИС ќе биде последна етапа и ова прашање ќе биде затворено.Ова е одговорот од премиерот Емил Димитриев на прашањата поставени од пратеничката Солза Грчева, во рамки на 104.собраниска седница за пратенички прашања, а во врска со прочистувањето на ИС во контекст на итни постапки за попис во Република Македонија и зошто беше прекинат во 2011 година беше прашањето од пратеничката Солза Грчева до премиерот Емил Димитриев.
– Во овој момент, сумарно што можам да кажам е тоа дека политичките партии отприлика се приближуваат во ставовите, дека треба да се проверуваат околу 40 илјади граѓани кои во моментот не биле најдени при теренската проверка, а блиските роднини дале одговор каде се наоѓаат и околу 170 илјади граѓани кои се претпоставува дека се на привремена работа надвор од РМ, се разгледуваат различни модалитети да бидат ставени на посебен извод на ИС. Тоа се параметрите кои ги разговараат политичките партии и согласно договорот кои ќе го имаат, ДИК ќе пристапи кон прочистување на ИС. Ние како Влада и во изминатиот и во понатамошниот период ќе дадеме целосна поддшка ДИК да работи согласно својата агенда, појасни премиерот Димитриев.
Тој потсети дека прочистувањето на ИС има свој историјат и е една од главните теми во разговорите помеѓу политичките партии за надминување на кризата. Со оваа тема, потенцира Димитриев, премногу се политизираше и се користеше во разни цели, а вистината е сосема на друго место.
– Избирачкиот список беше предмет на прочистување, впрочем и законска обврска на ДИК е тоа да го прави во континуитет не само за овие избори. ИС е материја на која постојано треба да се работи. Партиите имаа договорено методологија на кој начин да се прочистува ИС, одобрена и потпишана од четирите партии кои се дел од процесот на меѓупартиски разговори и согласно таа методологија следуваше постапка на прочистување на ИС и ДИК во период пред одржување на вториот термин на изборите после 24 април, на 5 јуни го одобри ИС, но од страна на опозицијата повторно беа отворени одредени дилеми и се спореше дали за тоа ИС е прочистен како што треба, рече премиерот.
Димитриев им се заблагодари на сите меѓународни институции кои помогнаа со свои ресурси да се истера процес со прочистувањето на Избирачкиот список до крај.
Премиерот Димитриев смета дека прв услов за одржување попис во Македонија е политички консензус меѓу политичките партии за спроведување, со точно утврдени методологии, кои се светски признати.
– Добро е за почеток да имаме општ консензус кај сите политички партии околу начинот на спроведување на пописот и евалуација на резултатите, истакна Димитириев, додавајќи оти е согласен со тоа дека РМ треба да претендира да гради граѓанско општество бидејќи, рече, тоа е еден модел кој земјава ќе ја направи на долг рок одржлива и функционална.
Изрази надеж дека кон оваа, како што рече, за нас крупна задача сите политички чинители ќе имаат сериозен и адекватен однос.
– Оваа операција, барем да пробаме да биде издвоена надвор од сето ова што сега го имаме како политичка криза, екстремна поларизација на политичките односи, влегување во ваква операција за мене е прилично неизвесно. Политичкиот момент е многу важен за одржување ваква операција, рече меѓу другото премиерот.
Според него, државните инсдтитуции и сега се подготвени за оваа статистичка операција, меѓутоа како што впрочем е врзано со сите крупни политички прашања во РМ, подвлече, и прашањето за пописот е дел од сетот прашања за кој е потребен политички консензус за оваа голема операција да биде кредибилна и да бидат признаени резултатите, бидејќи нивното негирање би биле непродуктивни за нас како држава.
На собраниската седница низа прашања беа упатени од пратеникот Ернад Фејзулаху од ДПА до сите функционери од ДУИ, меѓу кои за спроведувањето на Охридскиот договор, за новиот Универзитет „Дамјан Груев“, за вработувањата на Албанците во администрација, за европинтеграциските процеси, како и за прашања од делогругот на минситерствата за правда и за економија.Ова е одговорот од премиерот Емил Димитриев на прашањата поставени од пратеничката Солза Грчева, во рамки на 104.собраниска седница за пратенички п