Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска имаше средба со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствуваа и дел од членовите на Владата на Република Македонија.На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која детално се разговарало за сите активности поврзани со изборниот процес и денот на изборите, заеднички било констатирано дека ваквиот вид средби, досега, директно придонеле за целосно реализирање на сите предвидени активности поврзани со подготовката и организацијата на изборниот процес, при што уште еднаш била констатирана заедничка цел за одржување фер, демократски и кредибилни избори, за кои, како што било констатирано, се создадени сите потребни услови.
– Потенцирајќи ја потребата од демонстрирање на позитивен пристап во насока на градење доверба во целокупниот изборен процес од страна на сите политички партии, премиерот Димитриев истакна дека Владата задолжена за спроведување на изборите и Државната изборна комисија изминатиот период беа максимално посветени на реализација на сите приоритетни активности за подготовка на изборите и изрази очекување дека таквата посветена работа ќе биде заокружена со добро организиран изборен ден на кој граѓаните на Република Македонија на фер и демократски начин ќе ја изразат својата волја, се вели во соопштението.
Во тој контекст, од членовите на Државната изборна комисија било побарано да продолжат со својата посветена ангажираност и да информираат доколку имаат одредени дополнителни потреби за кои Владата и надлежните институции, согласно законските прописи, можат да им излезат во пресрет.
Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, изразувајќи благодарност за конструктивната соработка со Владата, информирал дека се е подготвено за одржување на изборите и оти сите потребни активности се реализирани согласно предвидената динамика.
– Информирајќи дека избирачкиот список е потпишан и исконтролиран од подрачните одделенија на Државната изборна комисија, истакна дека во моментов се врши пакување и контрола на испечатениот изборен материјал и се реализираат останатите предвидени активности на Државната изборна комисија кои се во насока на организација на денот на изборите, се посочува во соопштението.
На средбата било констатирано дека се создадени сите услови за спроведување фер, демократски и кредибилни избори и заеднички било изразено очекувањето дека на 11 декември граѓаните на Република Македонија на фер и демократски избори ќе ја изразат својата волја.На средбата, како што соопшти владината прес-служба, на која детално се разговарало за сите активности поврзани со изборниот процес и денот на избо