– Верувам дека ќе биде испочитуван планираниот рок за завршување со градба на подрачното Основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, оцени премиерот Емил Димитриев по денешниот увид во градежните активности за изградба на училиштето заедно со заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски.– Од она што можев да го видам на терен очекувам до крајот на јули да заврши изградбата на училиштето. Се работи за градба на ново училиште во вредност од речиси 30 милиони денари што се реализира на барање на жителите од населбата Хром. Верувам дека училиштето ќе значи нов квалитет на живеење од аспект на урбано средување на просторот и овозможување на школување на идните генерации, изјави Димитриев.
Тој посочи дека речиси е при крај планот за реконструкција и градба на училишта за 2016 година.
– Покрај ова училиште се гради и училиштето „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, а паралелно се реконструираат и околу 60 други учулишта, рече Димитриев и додаде дека планот за годинава е речиси две третини исполнет.
Прецизира дека во изминатите десет години на територијата на Македонија се изградени 74 нови училишта, а 410 се реконструирани за што се потрошени околу 50 милиони евра.
– Тоа претставува огромна инвестиција во делот на основното и средното образование и е значајна сума на средства кои се издвоени за општините, а воедно значи и помош на градежништвото, ангажирање на работна сила, како и повисоко ниво на услови за одвивање на образовниот процес, истакна Димитриев.
Вети дека и во иднина Владата ќе продолжи да го поддржува основното, средното и високото образование, бидејќи, како што рече, клучна цел им е да има висококвалитетно образование кое ќе ги направи македонските млади луѓе компатибилни со генерациите од останатите земји.
Заменик министерот Ристовски истакна дека во иднина се планира подрачното училиште во Хром од петтолетка да прерасне во деветолетка заради силниот интензитет на градба на станбени згради во населбата.
– Од месното население беше побарано најпрво да се обезбеди петтолетка, но како што одминуваат годините се потврди нивното барање ова училиште да прерасне во деветолетка. По комплетирањето на зградата за петтолетката ќе продолжиме со следната фаза, односно со доизградба во деветолетка, во која сите ученици кои во моментов следат настава во ова училиште ќе можат да го заокружат својот процес на основно образование во рамки на постојното училиште, рече Ристовски.
Со инвестицијата од 27,5 милиони денари се реализира објект на површина од 600 метри квадратни со што двојно се зголемува капацитетот и наместо 130 во училиштето настава ќе можат да следат 260 ученици.
Наставата во училиштето од септември треба да ја продолжат 129 ученици кои годинава ја завршија во централното ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, како и 40 деца кои се запишани во прво одделение.
Во 2013 година на барање на жителите на Хром во подрачно основно училиште беше преадаптиран просторот во кој порано беше сместен дел од Дирекцијата за заштита и спасување. Лани почна темелна реконструкција на постојниот дел и доградба на нов со што двојно се зголеми капацитетот на училиштето.– Од она што можев да го видам на терен очекувам до крајот на јули да заврши изградбата на училиштето. Се работи за градба на ново училиште в