Предвремени парламентарни избори заедно со локалните се излез од политичката криза во земјава. Единствен гарант за зачувување на унитарноста на Република Македонија е формирање и развивање на силно граѓанско и мултиетничко општетсво, изјави денеска премиерот Емил Димитриев.– Вака како што сака некој да ги постави работите во Македонија со исклучување на мнозинскиот Македонски народ, мнозинството Турци, Роми, Власи, Бошњаци и други етникуми, сметам дека ова не може да биде реализирано. Второ во постизборниот период во Република Македонија се отворија дискусии кои длабоко задираат во уставното уредување на земјава, а кои не беа дел од предизборната кампања или многу малку се зборуваше за тоа. Јас сметам дека ваквите теми на се привилегија на политичките елити колку тие да се сметаат за способни да се справуваат со овие процеси, и за вакви теми единствен фактор којшто може да каже и да се изјасни е народот на нови парламентарни избори кои би биле организирани заедно со локалните, рече Димитриев.
За Република Македонија, како што кажа премиерот, единствена алтернатива е организирање нови парламентарни избори во кои партиите сето она што сметаат да го работат постизборно ќе мора да го кажат предизборно.
– Затоа што граѓаните треба да имаат појасна претстава на кого го даваат гласот и во кој правец ќе се движат работите во иднина, истакна Димитриев кој денеска ги посети новоизградените простории на Општинската јавна установа детска градинка „Весели цветови“, Општина Делчево.
Во врска со најавите за отворање бегалски кампови во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, Димитриев беше дециден дека во Македонија нема да се дозволи отворање бегалски кампови.
– Република Македонија даде огромен придонес во справувањето со мигрантската криза и тоа беше забележано од сите земји на ЕУ и пошироко. Ние и во иднина така ќе се однесуваме, меѓутоа за евентуално формирање кампови за згрижување бегалци во нашата земја, нашиот став е категорично не, бидејќи во државава бегалците доаѓаат од земја-членка на ЕУ, земја која е безбедна и не гледаме никаква логика во нашата земја да се формираат бегалски кампови. На тој предлог ние како држава се спротивставуваме, рече премиерот Димитриев.– Вака како што сака некој да ги постави работите во Македонија со исклучување на мнозинскиот Македонски народ, мнозинството Турци, Роми, Вла