Република Македонија и Ватикан споделуваат заеднички духовни и културни вредности кои претставуваат цврсти мостови меѓу двете земји. Билатералните односи се одлични, но постои можност за нивно унапредување во областа на културата, науката и здравството, оценија претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин.– Цивилизациското наследство на Мајка Тереза и светите браќа Кирил и Методиј создадоа нераскинливи историски врски за кои се обврзавме дека ќе ги негуваме и во иднина. Го поздравуваме досегашниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол, релации кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Се согласуваме дека пред нашите две земји стојат неискористени потенцијали за нивно натамошно унапредување, како на билатерален, така и на меѓународен план, истакна Димитриев.
Разговаравме, додаде тој, за плодната соработка во областа на културата, здравството, науката, образованието, покренувајќи иницијативи за дополнително проширување на соработката во сферите на заемен интерес.
– Оценивме дека длабоката традиција на меѓурелигиска толеранција и почитувањето на различните верски чувства во Република Македонија е вредно богатство и фундамент на човековите слободи, а нашата земја е пример за негување на мултиконфесионално општество. Посебно ја истакнавме плодната соработка со Католичката црква во РМ и нејзината конструктивна улога како столб на меѓунационалниот и меѓурелигискиот соживот, истакна Димитриев.
Кардиналот Паролин се согласува дека односите меѓу Македонија и Ватикан се одлични.
– Сепак, на средбата посочивме на можноста за подобрување на тие односи во одредени точки. Заклучивме дека споделуваме заеднички вредности меѓу кои промовирањето на мирот, духовните вредности, соживотот, почитувањето на различностите… Се се тоа вредности кои носат подобрување на животот во едно општество, рече Паролин.
На средбата станало збор и за повеќе етички теми кои се однесуваат на животот, семејството и бракот. Разговарано било и за почитувањето меѓу религиите, но и за проблемите кои се врзани со манипулација на религиозните чувства како причина за создавање конфликтни ситуации.
Го споменавме, рече кардиналот Паролин, и односот меѓу државата и Католичката црква. – Македонските власти посветуваат големо внимание кон католичката заедница, постои отвореност кај нив да разговараат за сите проблеми што ќе се појават и желба за изнаоѓање соодветни решенија, рече државниот секретар на Ватикан.
На средбата станало збор за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија. – Поддршката од Ватикан секогаш имала голема важност за нас, апелиравме таа да продолжи со уште поголем интензитет во периодот кој следува, рече Димитриев.
Додаде дека разменети биле и мислења за актуелните меѓународни прашања, пред се предизвиците со кои се соочуваме со мигрантската криза и потребата од сеопфатно решение за истиот проблем.
– Приодот кон решавање на ситуацијата треба да биде со примена на солидарност, човечки однос. Треба да се гледа кон бегалците, кон оние што имаат проблеми како на деца, жени, возрасни луѓе кои се наоѓаат во една многу тешка ситуација и имаат потреба од помош, рече кардиналот Паролин.
Според него, за да се дојде до хумано и одржливо решение потребен е дијалог меѓу земјите од каде што потекнуваат бегалците, земјите транзит и земјите кои се крајна цел на овие луѓе.
– Притоа сметам дека земјите кои се изложени односно се во прва линија и треба да се соочат со приливот на бегалците не треба да бидат оставени сами, ним треба да им се помогне, рече ватиканскиот државен секретар.
Во врска со можноста за евентуална посета на папата Франциск на Македонија, кардиналот истакна дека нему веќе му е упатена покана од страна на македонската Влада и на Католичката црква. Притоа додаде дека се посочени одредени датуми како оној за одбележување на 1.100 годишнината од раѓањето на Свети Климент Охридски или канонизацијата на Мајка Тереза во септември годинава.
Сепак, потенцира дека одлука за посета на Македонија не е донесена ниту пак може да се зборува за некаков датум. Додаде дека годинава ќе се случуваат многу важни настани во Рим бидејќи била прогласена за година на милосрдието така што Папата веќе откажал многу посети за да посвети доволно внимание на овие активности.
Ова е прва посета на Република Македонија да биде домаќин на еден великодостојник на Римокатоличката црква. Изминатата година има зголемена динамика на билатералните посети и средби кои Димитриев ги оцени како доказ за пријателството и блискоста меѓу двете земји и изрази надеж дека тие ќе бидат заокружени со посета на Папата.– Цивилизациското наследство на Мајка Тереза и светите браќа Кирил и Методиј создадоа нераскинливи историски врски за кои се обврз