Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден – денот на гласањето да помине во убава атмосфера, бидејќи за Република Македонија ова е празник, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по гласањето во Пробиштип.– Очекувам дека по пребројувањето на гласовите политичките субјекти ќе ги прифатат резултатите бидејќи тоа е волјата на граѓаните и од тоа нема бегање. На еден начин, со ова отвораме нова страница во нашата историја со влегување во помирни води, со формирање политичка влада, оставање на кризата зад нас и концентрирање на реализација на изборната програма на онаа партија што ќе ја добие довербата од народот, рече Димитриев.– Очекувам дека по пребројувањето на гласовите политичките субјекти ќе ги прифатат резултатите бидејќи тоа е волјата на граѓаните и од тоа не
Пронајдете не на следниве мрежи: