Членството во НАТО и евроинтеграцијата остануваат врвен приоритет на надворешната политика на Република Македонија, порача Претседателот на Владата Емил Димитриев во своето обраќање пред амбасадорите во рамки на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва, што од денеска до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи.Посочи дека од витален интерес е зачувувањето и промовирање на стратешките интереси на Македонија, а континуираната посветеност на реформите согласно Акциониот план за членство каде се заокружува 17 циклус и започнува 18 циклус е само симболична потврда на зрелоста и подготвеноста за преземање на обврските од полноправното членство во НАТО.
–Активното учество на македонските мировни сили во меѓународните операции предводени од НАТО, ЕУ и ОН се најдобар индикатор дека Македонија, како докажан и партнер од доверба на Алијансата и Меѓународната заедница ги споделува заедничките вредности и одговорности. Со Долгорочниот план на Владата за развој на одбраната на Република Македонија: 2014-2023 и значајниот инвестициски потфат на модернизација кој започна во овој период ќе се развијат 50 проценти распоредливи интероперативни воени способности од севкупната структура на копнените сили на Армијата на Република Македонија. Така Македонската армија ќе има значително подобрени услови, рече Димитриев.
Приемот на Македонија во НАТО, оцени премиерот, ќе биде придонес за стабилноста и безбедноста во Регионот.
– Ќе се внесе нов позитивен импулс и дополнителен поттик и силна потврда на релевантноста на успешната политика на отворени врати на НАТО. Евроатлантската интеграција ќе значи успешно спроведување на внатрешните општествени реформи и ќе придонесе за засилувањето на одбранбено-воените способности на земјата, со што Алијансата ќе добие сигурен сојузник, кој и понатаму ефикасно ќе придонесува во обезбедувањето на регионалниот и глобалниот мир и безбедност, рече Димитриев.
Евроинтегрцијата, продолжи тој, останува на врвот на нашата агенда, а Македонија на овој план има направено и превземено значајни чекори за што потврда се досегашите позитивни препораки.
– Потребно е и ефектуирање на таквите препораки. Владата посветува внимание на итните реформски приоритети и имплементација на решенија кои ќе значат нивно почитување и унапредување на состојбите, изјави Димитриев.
Премиерот Димитриев истакна дека земјите членки и институциите на ЕУ мошне внимателно ја следат политичката состојба во Македонија и добро се запознаени со сите сегменти на политичката криза. Во изминатиот период нашата земја се соочи со можеби најголемата политичка криза која беше наметната и која со себе започна да ги носи и негативните економски последици.
– Во овој период клучно е одговорното однесување на политичките партии и потполна реализација на обврските кои што се превземени. Најмалку се потребни создавање на алиби и изговори какви имавме видено во претходниот период. Сите политички чинители, сите ние треба да бидеме свесни дека поседуваме одговорност спрема граѓаните а соочувањето со нив на избори е врвниот приоритет во демократијата. Сите надлежни институции под контрола на владата го даваат својот максимум и се исклучително отворени за реализација на фер и демократски избори, кои се и единствениот излез од оваа политичка криза, рече Димитриев.
Оцени дека солидна имплементација на последно постигнатиот договор, вклучително и на Пржинскиот договор ќе биде клучен фактор за подобрување на перцепцијата за земјата.
– Доколку сите овие работи се одвиваат во еден синхронизиран процес на имплементација. Ако на крајот од овој месец има договор за одржување на изборите, за што верувам дека сите предуслови ќе бидат исполнети, и доколку има напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети, тоа ќе значи рестартирање на позитивната динамика и напредок на државата. Тогаш и ЕК ќе има полесна задача во драфтирањето на препораката. Пораката е да се вложат сите напори за да се постигне договор во август, затоа што тоа ќе биде од клучно значење за понатамошниот развој на односите помеѓу ЕУ и РМ. Македонија мора да оди напред, граѓаните ги интересираат проекти и работа. Напредокот е нешто што е наша обврска и ние како влада ги вложуваме сите ресурси и сите напори да го оствариме, истакна Димитриев.
Најдобар начин, посочи тој, за да се избегнат нестабилност и кризи како во минатото е интегрирање на целиот регион во ЕУ.
– Регионот веќе е длабоко влезен во фаза на меѓусебна поврзаност и меѓузависност и сите земји научија да соработуваат една со друга. Миграциската криза уште еднаш покажа дека е можна и неопходна директната соработка помеѓу земјите кандидати и земјите членки на ЕУ на партнерска основа за справување со заеднички проблем и за иста цел, рече Димитриев.
ЕУ ја признава и цени улогата и напорите на Република Македонија во менаџирањето на миграцискиот бран, а како што посочи тој, се оценува дека Македонија е клучна за затворање на западнобалканската рута и за одржување на таквата состојба.
– Во моментов се нотира повторно движење по границите на земјите од Западен Балкан, од страна на илегални мигранти и криумчари на луѓе,состојбата не е целосна смирена и ЕУ внимателно го следи развојот на настаните. Улогата и ангажманот на РМ се цени од страна на ЕУ, рече Димитриев.
Премиерот изрази благодарност на амбасадорите за нивната активност, која како што оцени е од исклуително значење, и им се заблагодари за целиот досегашен ангажман.
Во наредниот период, продолжи тој, потребни ни се продлабочени пријателства и отворање на нови мостови на соработка со нашите европски партнери, а секој новостекнат пријател на Македонија е нова додадена вредност.
– Членството во НАТО и ЕУ остануваат нашите приоритет. Секој од вас има можност да придонесе во реализација на овие значајни стратешки сегменти, но и за водење на економска дипломатија како значаен сегмент. Во овие моменти кои се значајни за нашата држава особено ќе се цени вашата интензивна активност во остварување на овие планови. Крајната цел е економски развој и подобрување на стандардот на граѓаните како наш приоритет и сите ние заеднички можеме да придонесеме за стабилна, сигурна и пропсеритетна Македонија, рече премиерот Емил Димитриев.Посочи дека од витален интерес е зачувувањето и промовирање на стратешките интереси на Македонија, а континуираната посветеност на реформ