Почеток на идната година ќе започнеме со градба на новиот експрсен пат Штип-Кочани, првата фаза е Штип-Пробиштип, втората фаза е Пробиштип-Кочани. Постапката е завршена. Пробиштип ќе добие експресен пат со четири ленти, истакна на вечерашниот митинг во Пробиштип Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.-Кон средина на наредната година ќе започнеме со реконструкција на патот Пробиштип-Крупиште. Започнуваме во истиот период и со градба на нов пат Пробиштип – ски центар Пониква вредност 5 милиони евра. Нашиот град за кратко време ќе може да ги ужива благодетите инвестирани во делот на опремување на ски центарот, посочи Димитриев.
Тој додаде и дека во следниот период ќе бидат асфалтирани голем број улици, а Пробиштип ќе биде и гасифициран град.
Димитриев истакна дека во споредба со 2006 година кога во Пробиштип биле вработени 1768 лица, денес работат 3138 лица . Во однос на субвенциите, земјоделците во овој град добиле субвенции во висина од над 9,5 милиони евра плус средства за набавка на земјоделска механизација.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека планирана е и изградба на втората фаза од хидросистемот Злетовица.
-Кон средина на наредната година ќе започнеме со реконструкција на патот Пробиштип-Крупиште. Започнуваме во истиот период и со градба на нов пат Пр