среда, 25 ноември 2026
Најново

Димитриев: Пробиштип ќе добие експресен пат, изградба на пат до ски центарот Пониква

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Почеток на идната година ќе започнеме со градба на новиот експрсен пат Штип-Кочани, првата фаза е Штип-Пробиштип, втората фаза е Пробиштип-Кочани. Постапката е завршена. Пробиштип ќе добие експресен пат со четири ленти, истакна на вечерашниот митинг во Пробиштип Емил Димитриев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.-Кон средина на наредната година ќе започнеме со реконструкција на патот Пробиштип-Крупиште. Започнуваме во истиот период и со градба на нов пат Пробиштип – ски центар Пониква вредност 5 милиони евра. Нашиот град за кратко време ќе може да ги ужива благодетите инвестирани во делот на опремување на ски центарот, посочи Димитриев.
Тој додаде и дека во следниот период ќе бидат асфалтирани голем број улици, а Пробиштип ќе биде и гасифициран град.
Димитриев истакна дека во споредба со 2006 година кога во Пробиштип биле вработени 1768 лица, денес работат 3138 лица . Во однос на субвенциите,  земјоделците во овој град добиле субвенции во висина од над 9,5 милиони евра плус средства за набавка на земјоделска механизација.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека планирана е и изградба на втората фаза од хидросистемот Злетовица.
 -Кон средина на наредната година ќе започнеме со реконструкција на патот Пробиштип-Крупиште. Започнуваме во истиот период и со градба на нов пат Пр

Поврзани вести