Димитриев: Различностите во Македонија се наша предност

Во рамките на рамазанските пости синоќа во Велес се одржа ифтар-вечера, која ја организира велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на вечерата, упати честитки до исламските верници за светиот месец рамазан.
Како верник, немам проблем да живеам со вистински верници од различна вероисповед, рече Емил Димитриев.
-Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамнина, уште од Крушевскиот манифест, кој е еден од најавтентичните граѓански акти што нашата организација го има донесено во минатото, како и од политиката која сега ја спроведуваме – потенцира Димитриев.На дело покажуваме дека оваа партија прерасна во граѓанска партија во која се обединуваат сите етнички структури, додаде тој.
– Како верник, немам проблем да живеам со вистински верници од различна вероисповед. Мене ме загрижуваат луѓе кои недоволно ја познаваат верата и се предмет на структури кои не ѝ мислат добро на земјава. Затоа давам силна поддршка на учењето на верските доктрини, на нормите на сите религии што егзистираат во Македонија, бидејќи тие проповедаат мир, соживот, соработка. Тоа е богатство на Македонија како мултиетничка држава и треба да го одржуваме, а овој месец нека ви помине со позитивни мисли и добри дела – порача премиерот Димитриев.
Благодарност за организирањето на ифтар-вечерата упати Нијаз Мустафовски, оџа од Велес.Премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на вечерата, упати честитки до исламските верници за светиот месец рамазан.
Како верник, немам

Пронајдете не на следниве мрежи: